НОВИТЕ УЛИЦИ И ПАРКИНЗИ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ПОПЛАВЕНИ ПО ПРВИОТ ОБИЛЕН ДОЖД

    НОВИТЕ УЛИЦИ И ПАРКИНЗИ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ПОПЛАВЕНИ ПО ПРВИОТ ОБИЛЕН ДОЖДОд Град Скопје објаснуваат дека паркингот кај Стоматологија нема одвод, а според проектот и средствата кои ги добиле од Министерството за здравство овој дел не бил опфатен со реконстуркцијата.(Фото: СДК.МК)

    Улиците и паркинзите во Клиничкиот центар се поплавени по врнежите на дожд изминативе два дена. Паркингот кај Клиниката за стоматологија е целиот под вода и буквално за да излезат докторите и пациентите од возилата и да се движат низ комплексот шлапкаат низ вирови вода.

    Град Скопје по почетокот на епидемијата на ковид-19 со пари од Министерството за здравство почна со реконструкција на улиците на Клиничкиот центар.

    Од Градот велат дека на повеќето улици каде што работеле обновена е постојната атмосферска канализација и таму нема проблем со поплавување,  а проблемите се појавиле на улиците и паркингот кои не биле предвидени со проектот за реконструкција и останале без одвод.

    „Делот кај Стоматологија нема одвод и не е поврзан со атмосфeрската канализација, па затоа таму постојано се собира вода. Според проектот и средствата кои ги добивме од Министерството за здравство овој дел не беше опфатен со реконструкцијата. А ако на други места има нособрано вода, тоа е бидејќи не се чистат сливниците, а обврска за одржување и чистење на комплексот на универзитетските клиники е на Службата за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар“, велат од Град Скопје.

    Уште во текот на градежните работи, вработените на клиниките ги предупредувале работниците дека овој простор постојано се поплавува и да водат сметка да стават повеќе сливници, но овие им одговарале: „Не се секирајте, водата си има природен пад“.

    Реконструкцијата на улиците и изградбата на новиот паркинг чинеше 70 милиони денари.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира