ОД СИЛНИОТ ВЕТЕР БЕЗ СТРУЈА ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ, ОД ЕВН ВЕЛАТ РАБОТАТ НА САНИРАЊЕ НА ДЕФЕКТИТЕ

    ОД СИЛНИОТ ВЕТЕР БЕЗ СТРУЈА ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ, ОД ЕВН ВЕЛАТ РАБОТАТ НА САНИРАЊЕ НА ДЕФЕКТИТЕСилниот ветер го однесе балонот на фудбалското игралиште до средното училиште „Никола Карев“ во скопски Карпош. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Силниот ветер вечерва остави без струја повеќе скопски населби. На места струја немаше кратко време околу 10 минути, а делови сѐ уште се без електрична енергија. Од компанијата ЕВН велат дека екипи се на терен и на сите пристапни места се интервенира и кориснициите во текот на ноќта ќе добијат струја.

    „На среден напон состојбата е стабилна, на низок напон има одредени прекини. Во делови имало испади на трафостаниците, но таму напојувањето е вратено за помалку од 10 минути, како што е во населбите Влае, Хром, делови од Сопиште. Онаму каде имаме скинати жици и кабли нормално е дека е потребно повеќе време за интервенција“, велат од ЕВН.

    Екипите работат на расчистувае; – Паднато дрво во скопски Карпош (Фото: Општина Карпош)

    Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, повремено поинтензивни. Во втората половина од ноќта врнежите во делови од Скопската Котлина ќе преминуваат во снег.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира