ПАРК ПОКРАЈ ВАРДАР ПРОЛЕТВА ЌЕ ПРАВИ ОПШТИНА КАРПОШ СО ПАРИ ОД ЕУ

    ПАРК ПОКРАЈ ВАРДАР ПРОЛЕТВА ЌЕ ПРАВИ ОПШТИНА КАРПОШ СО ПАРИ ОД ЕУСпоред проектот, покрај зеленило во паркот ќе има и други содржини како адреналински парк, игралиште за фудбал и одбојка на песок со монтажни трибини, парк со детски содржини, сквер и урбана опрема; - Идејното решение за паркот. (Фото: Општина Карпош)

    На потегот од вештачката карпа во Карпош 4 до бунарите на реката Лепенец, Општина Карпош ќе прави нов парк. Според проектот, покрај зеленило во паркот ќе има и други содржини како адреналински парк, игралиште за фудбал и одбојка на песок со монтажни трибини, парк со детски содржини, сквер и урбана опрема.

    Дел од парите за изградба на паркот, односно 760.000 евра, се обезбедени од Европската унија како неповратен грант, а Општината од буџетот за првата фаза обезбеди 135.000 евра.

    „Секторот за развој при Општина Карпош изминатата година го подготви овој проект и аплицираше за средства од Европската Унија. Договорот за реализација на проектот очекуваме да се склучи после божиќните празници и пролетва да стартуваме со градежни работи. Овој парк ќе се изведува на површина која е најголемиот дел во сопственост на државата“, вели градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

    Во овој момент, овој простор каде ќе се наоѓа новиoт парк целосно е запуштен, обраснат со трева и e место за палење огнови на отворено и создавање диви депонии.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира