ПАРНИ ВАЉАК ЌЕ ПЕЕ ЗА НОВА ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ

    ПАРНИ ВАЉАК ЌЕ ПЕЕ ЗА НОВА ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕПред „Парни ваљак“ ќе настапат неколку домашни пејачи, рок бенд од Косово, а по концертот на хрватската група, ќе музика ќе пушта диџеј - Новогодишната населба на Плоштад. (Фото: Град Скопје)

    Хрватската рок група „Парни ваљак“ ќе пее на плоштадот Македонија во Скопје за новогодишната прослава на 31 декември. Пред нив ќе настапат неколку домашни пејачи, рок бенд од Косово, а по концертот на хрватската група, ќе музика ќе пушта диџеј.

    „Новогодишната прослава ќе се организира со покровителство на спонзорот ‚Македонски телеком‘, кој помогна да го донесеме Аки Ракимовски во Скопје и на новогодишната ноќ скопјани да се забавуваат со хитовите на ‚Парни ваљак‘“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Шилегов најави дека од утре ќе почне програмата во новогодишната населба „Винтерленд“. Секој ден ќе има дневна програма за деца а навечер свирки на домашни бендови. На плоштадот од утре ќе почне да работи и лизгалиштето, а ќе биде поставен и топ за вештачки снег.

    Шилегов рече дека за украсувањето на градот се потрошени 230.000 евра во кои е вклучен и огнометот, додека пак за „Винтерленд“ околу 90.000 евра.

    „Цената за украсување е малку повисока од изминатите години бидејќи се вклучени повеќе улици. Со новогодишната населба сакаме да им овозможиме на граѓаните од сите возрасти да уживаат во новогодишните и божиќните денови“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира