ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ ГРИП И ВО ПУНКТ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ТЕТОВО

    ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ ГРИП И ВО ПУНКТ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ТЕТОВОНа пункотот може се прими и четврта доза од вакцината против ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    На плоштадот во Тетово денеска беше отворен импровизиран пункт на кој може да се закажњ вакцинирање против сезонски грип, а воедно и да се прими и четврта доза од вакцината против ковид-19. Ова е дел од кампањата на Министерството за здравство и на УСАИД програмата за зголемување на свеста кај граѓаните за вакцинирање, која се води под мотото „Заштитени заедно – вакцините делуваат“.

    „На пунктот можат да се пријават граѓаните кои се над 60 години старосна возраст и оние кои имаат хронични болести, за вакцинирање со вакцина за сезонскиот грип. Значи ние овде не вршиме вакцинација за сезонскиот грип туку им овозможуваме на граѓаните да се пријават, односно да им ја олесниме постапката за пријава за вакцинирање. Кога ќе им дојде терминот да ја примат вакцината тие ќе бидат дополнително известени. Вакви пунктови ќе бидат организирани и во другите градови во државата“, изјави д-р Беким Мустафаи од Центарот за јавно здравје од Тетово.

    Покрај закажување термин за вакцинирање од сезонски грип, денеска тетовци на овој пункт на градскиот плоштад имаа можност и да се вакцинираат со четврта доза од вакцината за ковид-19.

    „Жителите на Тетово кои досега имаат примено трета доза од вакцината против ковид-19, денеска на овој пункт ќе можат да примат и четврта доза од оваа вакцина. Оваа доза не е задолжителна. Иако вкупно земено, состојбата со вакцинацијата на ниво на државата не е на завидно ниво, за Тетовскиот Регион можеме да кажеме дека опфатот на вакцинираните лица е над 65 проценти“, вели д-р Мустафаи.

    Вакцинирањето против ковид-19 се врши со вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира