СО ПОРАКА ЗА ПОМИРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА СО СОСЕДИТЕ, ФРАНЦИЈА, БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈА ВО БИТОЛА И СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖАА 100 ГОДИНИ ОД КРАЈОТ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    СО ПОРАКА ЗА ПОМИРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА СО СОСЕДИТЕ, ФРАНЦИЈА, БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈА ВО БИТОЛА И СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖАА 100 ГОДИНИ ОД КРАЈОТ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНАГерманскиот амбасадор Томас Герберих на Француските гробишта во Битола испрати порака за мир на француски јазик, а неговиот колега од Франција Кристијан Тимоние на Германските воени гробишта се обрати на германски јазик, однесување во духот на помирувањето.(Фото: СДК.МК)

    На Француските и Германските гробишта во Битола и на Британските во Скопје, денеска беше одбележана стогодишнината од крајот на Првата светска војна.

    Германскиот амбасадор Томас Герберих на Француските гробишта во Битола испрати порака за мир на француски јазик, а неговиот колега од Франција Кристијан Тимоние на Германските воени гробишта се обрати на германски јазик, како симбол во духот на помирувањето.

    На комеморацијата на Француските гробишта амбасадорот Тимоние рече дека помирувањето на Македонија со соседите поставува камен темелник на изградбата на нова Европа.

    Одбележување на стогодишнината од Првата светска војна на Британските гробишта во Скопје.(Фото: Ѓ.Личовски)

    „Го славиме мирот, а тој е најдрагоцено нешто што го имаме во Европа. Македонија е во еден процес на помирување со своите соседи и поставува еден камен темелник на изградба на нова Европа, на Европа на мирот. Пред портите на Европа има притисоци, тензии, се случуваат настани кои можат да наштетат и затоа нашата порака е сите да се обединиме. Нема мала или поголема земја кога се работи за придонесот што секоја земја треба да го даде за изградба на Европа и да има одговорност во тоа. И да не заборавиме дека секоја земја држи до својот идентитет и својата чест, но треба да го почитува и иденитетот и честа на другите“, изјави францускиот амбасадор Тимоние.

    „Одговорот е едноставен, помирување. Германија и Франција успеаа да го пронајдат патот кон помирувањето. За тоа да се исполни потребна е политика која не изолира и не се засолнува зад национализам и идејата за нови ѕидови“, рече германскиот амбасадор Герберих.

    На службата за загинатите британски војници во Скопје присуствува британската амбасадорка Рејчел Галовеј, делегација на Министерстовото за одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, претставници на дипломатската заедница во Македонија и членови на британската заедница во Македонија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира