ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НАД 2 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НАД 2 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТОд почетокот на пандемијата до сега за 62,5 отсто е намален бројот на патници во јавниот превоз во Скопје.(Фото: К.Попов)

    ЈСП „Скопје“ доби над 2 милиони евра од Владата за покривање на загубите во работењето поради намалениот број на патници за време на пандемијата на ковид-19.

    На вчерашната владина седница беше донесена одлука за одобрување средства во висна од 135 милиони денари од државниот буџет за 2020 година, како неповратна финансиска помош за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со коронавирусот во работењето на јавното сообраќајно претпријатие.

    Од почетокот на пандемијата до сега за 62,5 отсто е намален бројот на патници во јавниот превоз во Скопје. Од март до септември во автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници се возеле 12.064.455 патници, а истиот период лани бројот бил 32.148.854. Поради намалениот број на патници загубата на претпријатието досега е околу 4 милиони евра.

    Според бројот на валидации во месец март со јавен превоз се возеле 2.731.699 патници, а истиот месец во 2019 бројот бил 5.685.383. Најголем пад на бројот на патници има во април годинава и тоа за 88.5 отсто односно лани во април се автобус се возеле 5.237.154 патници, а годинава само 597.374. Големо намалување на бројот на патници има и во месеците мај, јуни, јули и август. Во септември во спроредба со другите месеци, најголем е бројот на граѓани кои користеле јавен превоз, но и таа бројка е за околу 50 отсто помала во споредба со истиот период лани.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира