ВЛЕЗОТ ВО НАТО ЌЕ ГИ ЗАЦЕМЕНТИРА ГРАНИЦИТЕ НА НАШАТА ДРЖАВА, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ ВО БИТОЛА

    ВЛЕЗОТ ВО НАТО ЌЕ ГИ ЗАЦЕМЕНТИРА ГРАНИЦИТЕ НА НАШАТА ДРЖАВА, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ ВО БИТОЛАДа седите дома на 30 септември е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност и кон себе и кон семејството ваше и кон државата во која живеете, да немате став за референдумското прашање кое вели дали сакате Македонија да ја биде еднаш засекогаш во друштво со најголемите во светот, националниот координатор за членство во НАТО Стево Пендаровски во Битола (Фото: СДК.МК)

    Ако се менуваат повторно границите на Балканот, тоа не може да биде само меѓу Белград и Приштина. За жал, можно е колатерална штета да биде и Македонија, после и некои други држави. Мораме да водиме сметка за државата и затоа без да плашиме никого, со референдумот најубаво е да си ги суредиме работите и да станеме членка на НАТО, изјави националниот координатор за членство во НАТО Стево Пендаровски во Битола.

    Запрашан дали на денешната средба Заев-Вучиќ на Табановце ќе се разговара и за опасноста од промена на границите на Балканот, тој рече средбата е за да се продлабочи добрососедството, но дека тоа се прилично сериозни информации кои не смеат да се отфрлат.

    ,,Да влеземе во НАТО во кое постои член 5 од Основачкиот договор на Организацијата, кој вели нападот на една земја е напад на сите. Границите на Македонија ќе бидат зацеменрирани за век и веков кога ќе станеме полноправна членка на НАТО, а стануваме многу кусо по уставните промени што треба да ги направиме по успешниот референдум”, рече Пендаровски.

    Тој истана дека референдумот на 30 септември по својата историска тежина и значење е еднаков со референдумот од 8 Септември 1991, затоа што тогаш македонските граѓани гласаа да имаме држава. Сега на 30 септември, како што рече Пендаровски, ќе гласаме таа држава дефинитивно во меѓународни рамки да биде запечатена, осигурана и од сите призната како држава во која живеат граѓани од различна вероисповед и национална припадност, но во која живеат и етнички Македонци кои зборуваат на македонски јазик.

    ,,Немам никакво разбирање за оние кои повикуваат на бојкот за референдумот. Можам да разберам и некој да биде против, демократско право е на секој од нас. Но, зошто да бидете за бојкот кога се работи за историска пресвртница, крстосница во која треба да кажеме ‘да’ за македонската иднина. Да седите дома на 30 септември е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност и кон себе и кон семејството ваше и кон државата во која живеете, да немате став за референдумското прашање кое вели дали сакате Македонија да ја биде еднаш засекогаш во друштво со најголемите во светот“, додаде Пендаровски.

    Истакна дека анкетите покажуваат 10 до 15 проценти предност за оние кои се за и не е точно дека референдумот може да успее само со албанските гласов,и зашто предноста е јасна и во македонскиот етнички табор.

    На референдумот граѓаните од земјава и дијаспората ќе треба да одговорат на рефендумското прашање, кое ќе гласи „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција“. Со овој Договор, потпишан на 17 јуни во грчкиот дел на Преспа, во селото Псарадес (Нивици), името на земјава ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира