ДИК НЕ ЗНАЕ ШТО ДА ПРАВИ НИ СО ИЗБОРИТЕ, НИ СО СЕБЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК НЕ ЗНАЕ ШТО ДА ПРАВИ НИ СО ИЗБОРИТЕ, НИ СО СЕБЕ

    Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) глумат нормалност во ненормална ситуација и тоа веќе наликува на сцена од „Монти Пајтон“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од ДИК.

    Задачата на овој состав на ДИК за прв пат во 25 години, откако Македонија е независна и демократска држава, е да организира демократски и фер избори со само еден учесник во изборите.

    Изборната кампања на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ официјално започна, а членовите на ДИК вчера не успеаја да се договорат што ќе прават со изборите закажани за 5 јуни кои ќе бидат еднопартиски. Тие се однесувале нормално и во неделата кога требаше да организираат ждрепка за редниот број на гласачките ливчиња и за распределба на локации за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди.

    анонимуси шарена

    Додека ДИК глуми нормалност, Шарената револуција продолжува речиси во сите градови низ Македонија – од вчерашните протести во Скопје (Фото:СДК.МК)

    „Како што вели роковникот“, изјавија од ДИК, извори на САКАМДАКАЖАМ.МК кои не се овластени да даваат изјави за јавност.

    Според роковникот, вчера почна изборната кампања, а завршува на 3 јуни во 24:00 часот. Потоа следува изборен молк до затворање на избирачките места.

    Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ на седницата во неделата тврдела дека изборите не се еднопартиски, оти на листата на ВМРО-ДПМНЕ има 21 партија. Откако не успеа ждрепката за редоследот на гласачките ливчиња, оти има само број 1, Бонева на својот Фејсбук профил напиша дека „согласно Уставот и Изборниот законик, кога ќе се распишат избори, слободна волја на политичките партии е дали ќе одлучат да учествуваат на тие избори или не.“

    И набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) во Македонија продолжува со проценка на настаните и состојбите во државата, како се што се случува да е сосема нормално иако меѓународната заедница веќе испрати порака дека нема да ги признае изборите на 5 јуни.

    „ОДИХР беше поканета од властите да ги набљудува парламентарните избори закажани за 5 јуни, и бидејќи тие избори сѐ уште се во план, мисијата продолжува да ги набљудува и проценува настаните и состојбата, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Томас Ример, порпарол на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), со седиште во Варшава, Полска.

    „Нашата проценка на изборниот процес ќе биде заснована на опсежно набљудување, така што сите фактори кои би можеле да влијаат до степен до кој изборниот процес ги исполнува обврските на ОБСЕ и другите меѓунардни стандарди за демократски избори, ќе бидат покриени и земени предвид во проценката на мисијата“, изјави портпаролот на ОДИХР Томас Ример.

    Меѓународната заедница вчера најостро до сега предупреди дека изборите на 5 јуни, собраниски состав што ќе биде избран и Владата што ќе произлезе од тие избори нема да биде меѓународно признати.

    Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич преку „Дојче веле“ порача дека „не се исполнети ниту минимум услови за веродостојни избори на 5 јуни, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница, како и владата што би произлегла од нив“.

    Во петокот и Соединетите Американски Држави, преку соопштение од амбасадата во Скопје ги повикаа партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

    „ Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата“, предупредија од амбасадата на САД.

    Во меѓувреме Шарената револуција продолжува речиси во сите градови низ Македонија со барање за одложување на изборите, за оставка на претседателот Ѓорге Иванов и за повлекување на неговата одлука за аболиција на политичарите осомничени од СЈО за криминал.

    Од вчера се засилија и протестите на провладиното здружение ГДОМ. Тие бараат одржување на изборите на 5 јуни.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари