ДИК СЕ ОТКАЖА ОД ЖДРЕПКАТА ЗА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА САМО СО ВМРО-ДПМНЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК СЕ ОТКАЖА ОД ЖДРЕПКАТА ЗА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА САМО СО ВМРО-ДПМНЕ

    Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска одлучија да не прават ждрепка за утврдување на редоследот на листи на кандидати во гласачко ливче за предвремени парламентарни избори на 5 јуни, затоа што во трката остана само ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата.

    За утре најавија нова расправа што ќе прават сега кога треба да организираат демократски избори со само еден кандидат, а државата е декларирана како демократска според Уставот.

    Преставничката на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК Силвана Бонева се обидела да објасни дека на листата на ВМРО-ДПМНЕ има кандидати од дваесетина коалициони партнери, но со оглед на тоа што одат на заедничка листа, не ни може да има ждрепка бидејќи сите би се појавиле под број 1 на ливчето и тоа би бил единствен избор на граѓаните.

    Државната изборна комисија констатираше дека Социјал-демократската партија Бранко Јаневски, ги повлекол кандидатските листи, а Јанко Бачев од Националното движење за Македонија не ги отстранил забелешките во предвидениот рок.

    Денеска требаше да се организира ждрепка и за распределба на локации за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди. Но и таа ждрепка не се одржа, оти на неа учествува само ВМРО-ДПМНЕ.

    Никола Груевски во интервју за агенцијата „Франс прес“ изјави дека без оглед на на најавениот бојкот од сите партии во државата, избори на 5 јуни ќе има. Во интервју за истата агенција лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека избори на 5 јуни ќе нема.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто потврдил дека неговата партија е единствена од четирите големи партии која ќе учествува на изборите. Тој рекол: „Мојата партија ќе биде подготвена веднаш по формирањето на новото Собрание да се организираат дополнителни избори и да им се даде шанса на граѓаните да изберат. Сакаме заслужена победа“, рекол Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира