САД: ИВАНОВ ГИ УНИШТИ ШАНСИТЕ ЗА КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:306:"ОдлукатанапретседателотИвановсериознојадоведувавопрашањеспособностаназемјатадаодрживеродостојниизборина5јуни,чијоригиналендатумвеќебешеодложен";s:9:"td_source";s:42:"Виена(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    САД: ИВАНОВ ГИ УНИШТИ ШАНСИТЕ ЗА КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ

    САД сметаат дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за  аболиција на политичари и нивни соработници под истрага за криминал во врска со скандалот за прислушувањето сериозно ја доведува во прашање способноста на Македонија да одржи веродостојни избори на 5 јуни, изјави Даниел Бер, амбасадорот на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

    „САД ги охрабруваат напорите на граѓанското општество да го поддржи демократскиот развој во Македонија, и работата на Државната изборна комисија да подготви веродостојни избори. Сепак, одлуката на претседателот Иванов сериозно ја доведува во прашање способноста на земјата да одржи веродостојни избори на 5 јуни, чиј оригинален датум веќе беше одложен“, вели Бер и додава:

    „Вознемирени сме од извештаите за одмазда кон граѓанските организации кои изразиле загриженост поради заплашување на гласачите и замаглување на границата меѓу државата и партијата.“

    Тој ја повтори главната поента од новиот Извештај на Стејт департментот дека човековите права во Македонија се најзагрозени поради високото ниво на корупција и неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото. Рече и дека новите извештаи на Фридом хаус и други граѓански организации укажале на уназадување во демократското владеење, зголемено пријавување инциденти за политички притисок и заплашување, и злоупотреба на државните ресурси во Македонија.

    Бер исто така го повтори и повикот на САД за Иванов да ја преиспита одлуката за аболиција и пак истакна дека „ако се исполни, оваа одлука ќе ги заштити корумпираните службеници и ќе го лиши од правда народот на Македонија. Исто така тоа и понатаму ќе го поткопа владеењето на правото во Македонија, како и интегритетот на судските институции и веродостојноста на посветеноста на лидерите кон фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ.“

    „Како пријател на Македонија САД силно бара од претседателот Иванов да ја преиспита неговата одлука и да му дозволи на Специјалното обвинителство – создадено како дел од договорот од Пржино – да ги истражи сериозните обвиненија за владин криминал и да им дозволи на судовите да си ја завршат работата. Исто така ги охрабруваме Владата и партиите да продолжат да работат на реформите кои ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон веродостојни избори и евроатлантска интеграција“, го повтори Бер ставот на САД.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска објави дека неговата партија ќе оди на избори на 5 јуни, без разлика на тоа што ќе одлучи СДСМ.

    „Ние не можеме да чекаме. Државата е поделена по сите основи. И тоа мора да запре. Наша одговорност е да решаваме кризи. Избори мора да има и ќе има“, рече Груевски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари