ШТО ИМ ФАЛЕШЕ НА БЕЈЛИ И НА ОРАВ НА 6 АПРИЛ?

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:314:"ЗадаобезбедикредибилниизбориСобраниетопреддасераспуштитребашедаисполнипетклучниреформи–дазавршатсоработадвеанкетникомисииидаседонесаттризакони";s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШТО ИМ ФАЛЕШЕ НА БЕЈЛИ И НА ОРАВ НА 6 АПРИЛ?

    Собранието се распушти на 6 април без да ги исполни петте клучни реформи, на кои се обврзаа политичките партии со договорот од Пржино – две анкетни комисии за следење на скандалот со прислушување и за расчистување на аферата со лични карти, и три закони  за медиуми и за заштита на приватноста и на укажувачите на криминал.

    Овој датум беше нагласен и во заедничката изјава на амбсадорите на САД и на ЕУ, кои го објаснија како пропуштена можност на државните институции и на партиите да подготват кредибилни избори.

    „Политичките лидери на оваа земја имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата назад на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на итните реформски приоритети. Извесен прогрес е направен на овие полиња, но останува уште многу работа. Тоа е одговорност, не само на државните институции да подготват кредибилни избори, туку и на политичките партии. На 6 април се пропушти таква можност”, стои во заедничката изјава на амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав

    Еве како се одвиваше исполнувањето на клучните обврски во Собранието изминативе месеци, кои требаше да бидат завршени пред едностраната одлука за негово распуштање, 60 дена пред одржување на изборите.

    • АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО – Со помош на белгискиот посредник Питер Ванхауте беше формирана Анкетна комисија за да се реши скандалот со прислушуваните разговори, но Комисијата досега одржа само неколку седници. За сведок беше повикан и поранешниот премиер Никола Груевски, но тој сведочеше зад затворени врати. Исто направи и министерот за финансии Зоран Ставрески, по што целосно се закочи работата на Комисијата. Пратениците не поднесоа извештај за нејзината работа.
    • АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЛИЧНИТЕ КАРТИ – Слична работа се случи и со Анкетната комисија за расчистување на аферата со личните карти. СДСМ одби да учествува во неа, со објаснување дека веќе постои една комисија да го реши скандалот.
    • ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ – Пратениците не го донесоа Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, без кој според СДСМ, не може да има фер и демократски избори.-
    • ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ – Не е донесен ниту Законот за заштита на сведоци, поднесен од Специјалното јавно обвинителство. СЈО информираше дека поднело иницијатива за измени на овој закон со кој се бара Обвинителството да добие надлежност во постапка за заштита на сведоци.
    • ЗАКОН ЗА БОМБИТЕ – Собранието требаше да ги дополни и Законите за заштита на приватноста и за свиркачите согласно  препораките што беа дел од мислењето на Венецијанската комисија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари