ВАНХАУТЕ ЗА ИГРАТА СО ДУИ: ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОГРЕБ НА ОСТАТОЦИТЕ ОД ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВАНХАУТЕ ЗА ИГРАТА СО ДУИ: ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОГРЕБ НА ОСТАТОЦИТЕ ОД ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА

    Коментирајќи ја актуелната криза со оставките на министрите на ДУИ, Питер Ванхауте, поранешниот меѓународен посредник во политичката криза синоќа со пост на Фејсбук рече дека со „непочитување на основните демократски принципи, јасно е дека со изборите нема да се подобри демократијата, туку тоа ќе биде погреб на остатоците на она што некогаш беше една демократска држава.“

    Тој се чуди зошто премиерот не реагира воопшто бидејќи кризата е негова основна одговорност. Ванхауте вели дека во нормална демократска држава прво премиерот би дал изјава со која ќе признае дека има криза, потоа би понудил оставка во Парламентот и на крај би побарал гласање на доверба за да види дали има мнозинство во парламентот кое сѐ уште ја поддржува владата.

    Бидејќи во Македонија тоа не се случува, тоа значи дека претседателот на партијата ја презема де-факто улогата на премиерот и докажува дека земјата ја води партијата, а не Владата, заклучува Ванхауте.

    Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави: „Она што јас го имам разбрано ДУИ ја нема напуштено владата туку ќе изврши замена на своите кадри.

    Веднаш потоа Артан Груби, советник на лидерот на ДУИ за политички прашања реагираше со контраизјава: „Одлуката за следните чекори на Демократската Унија за Интеграција по повлекувањето на нашите министри и заменици министри е екслузивно само во рацете на Претседателот Али Ахмети“.

    Премиерот Емил Димитриев не изјави ништо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира