„ЧИК“ НА ФАТИХ АКИН ВЕЧЕРВА ГО ОТВОРА ГЕРМАНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

    „ЧИК“ НА ФАТИХ АКИН ВЕЧЕРВА ГО ОТВОРА ГЕРМАНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ„Чик“ на култниот режисер Фатих Акин е снимен според популарната германска книга за деца

    „Чик“ на култниот режисер Фатих Акин, снимен според популарната германска книга за деца, го отвора вечерва Германскиот филмски фестивал, во 20 часот во киното Милениум во Скопје. На програмата се 10 современи германски филмови, а  од утре до 9 октомври фестивалот ќе оди во киното Фросина во МКЦ.

    Ќе играат црната комедија за замисленото враќање на Хитлер денес „Тој е повторно тука“ на Давид Внент, драмата „Поздрави од Фукушима“ на Дорис Дери, научно фантастичниот мистичен трилер „Ние сме плимата“ во на Себастиан Хилгер, ланскиот најдобар европски филм, трагикомедијата „Тони Ердман“ на Марен Аде, детскиот „Авантурата на Нели“ на Доминик Весели, филмот за деца и младинци „На иста висина“ на Јоахим Долхопф и Ефи Голдбрунер, драмата „Време на канибалите“ на Јоханес Набер, драмата „Херберт“ на Томас Штубер и драмата „24 недели“ во режија на Ане Зохра Берахед.

    Филмовите на фестивал ќе играта и во Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица.

    Во Центарот за култура во Охрид фестивалот се отвора на 07 октомври и ќе трае до 10 октомври. Во Центарот за култура во Прилеп ќе трае од 12 до 14 октомври, во Центарот за култура во Битола од 12 до 15 октомври. На универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 23 до 27 октомври, во Центарот за култура во Кавадарци од 24 до 27 октомври, во Лоја – Тетово од 25 до 27 октомври. Во Центарот за култура Струмица од 1 до 3 ноември и во Театарот во Велес од 3 до 5 ноември.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари