ВМРО-ДПМНЕ И ГРУЕВСКИ ГО КИДНАПИРАА ИСТОРИСКОТО ОТВАРАЊЕ НА НОВАТА ФИЛХАРМОНИЈА ЗА ПАРТИСКА ЖУРКА

За утрешното свечено отворање на новата зграда, што Филхармонија ја добива по 73 години постоење и што треба да биде празник за сета културна јавност во земјава, не се поканети претседателот на Собранието Талат Џафери, ниту мандатарот за влада Зоран Заев од СДСМ

    ВМРО-ДПМНЕ И ГРУЕВСКИ ГО КИДНАПИРАА ИСТОРИСКОТО ОТВАРАЊЕ НА НОВАТА ФИЛХАРМОНИЈА ЗА ПАРТИСКА ЖУРКАЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со пратеничката и техничка министерка за култура Елизабета Канческа Милевска денеска вршеше увид на објектот на филхармонија во друштво на директорката Маја Чанаќевиќ, и доби „плакета за особен придонес во културата и уметноста од страна на вработените во филхармонијата“,јави државната агенција МИА која ја следеше посетата (Фото: МИА)

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Никола Груевски го киднапира утрешното историско свечено отварање на новата концертна сала на Македонската филхармонија (МФ) за да биде партиска журка. Груевски, заедно со пратеничката и техничка министерка за култура Елизабета Канческа Милевска го посети  објектот на филхармонија во друштво на директорката Маја Чанаќевиќ, и доби „плакета за особен придонес во културата и уметноста од страна на вработените во филхармонијата“, јави државната агенција МИА која ја следеше посетата.

    За свеченото отворање на новата зграда в недела навечер, што Филхармонија ја добива по 73 години постоење и што треба да биде празник за сета културна јавност во земјава, не се поканети претседателот на Собранието Талат Џафери, ниту мандатарот за влада Зоран Заев од СДСМ, ниту пак лидерите на парламентарното мнозинство Али Ахмети од ДУИ, Зијадин Села од Алијанса на Албанците и Билал Касами од Беса, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од кабинетот на спикерот и од партиите.

    Филхармонија се отвора со првиот свечен концерт, со македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески и славниот диригент Владимир Ашкенази од Русија, а билетите се продаваат по цена од 2.500 и 3.000 денари.

    По плакетата што Чанаќевиќ му ја врачи на Груевски, јавноста реагира на социјалните мрежи дека салата е изградена со народни пари од државниот буџет, и се прашува кој ќе го потсети Груевски, а и директорите на националните установи, дека тој не е премиер, ами е лидер на партија во опозиција; – од посетата на Филхармонија (Фото: МИА)

    Протоколот за гостите на свеченото отворање на новата сала на МФ, која има капацитет од илјада гости, го прави директорката Чанаќевиќ. Таа е единаесет години на раководната функција и ова е нејзиниот трет мандат, кој ќе истече по три години.

    Чаначевиќ не одговори зошто државната институција му доделува плакета на партиски лидер, зошто таа како носител на јавна функција го прима на смотра партискиот лидер, како и зошто решила свеченоста за отварањето да биде партиска прослава на опозиционата партија, со оглед дека не е поканет ниту вториот човек во државата – претседателот на Собранието, ниту пак мандатарот за Влада. Прашавме и зошто, ако е од историско значење отворањето на оваа сала, сегашното раководство на институцијата прифаќа да биде партиски обоено и да биде во служба на партиски лидер и техничка министерка кои се осомничени за криминал во случаите на Специјалното јавно обвинителство. Канческа Милевска, исто така, за време на организираниот напад на Собранието на 27 април во кој беа повредени пратеници и новинари, беше снимена како се гушка со напаѓачите со фантомки на главите.

    По плакетата што Чанаќевиќ му ја врачи на Груевски, јавноста реагира на социјалните мрежи оти салата е изградена со народни пари, од државниот буџет, а дека на партиите на власт им е работа да обезбедуваат услови за подобро функционирање на општетството во сите гранки. Реагираат и некои од музичарите кои велат дека оваа плакета не е и од нивно име, а други пак граѓани се прашуваат кој ќе го потсети Груевски, а и директорите на национални установи големи колку Македонската филхармонија, дека тој не е премиер, ами е лидер на партија.

    На свеченото отворање на новата сала утревечер Филхармонијата ќе ги почести вработените и гостите со коктел што ќе чини скоро 20 илјади евра, а билетите чинат 2.500 и 3.000 денари (Фото: СДК.МК)

    На отворањето на новата сала Филхармонијата ќе ги почести вработените и гостите со коктел што заедно со кетеринзите и за други настани до крајот на годината ќе чинат 20 илјади евра. Сумата е определена  и објавена на огласот за тендерот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки. Минатиот месец, од Филхармонијата  за  СAКАМДАКАЖАМ.MK  рекоа дека овој оглас се однесува најмногу за храната и за пијалоците за свеченото отварање.

    Канческа Милевска, за време на организираниот напад на Собранието на 27 април во кој беа повредени пратеници и новинари, беше снимена како се гушка со напаѓачите со фантомки на главите

    Новата коцертна сала со неколку паузи се градеше осум години, од март, 2009, на површина од 12.400 квадратни метри на просторот помеѓу Македонската опера и балет (МОБ) и Факултетот за музичка уметност (ФМУ). Груевски денеска за првпат кажа и колку чини објектот – 37 милиони евра, како што рече „приближно на градбата на Македонскиот народен театар кој што беше 36 милиони евра“.

    Иако објекот почна да се гради уште пред  да биде најавен владиниот проект  „Скопје 2014“, за време на изградбата се случија повеќе проблеми, па конечното отворање неколкупати беше најавено па одложено. На поставувањето на камен-темелникот во 2009, беше најавено дека Владата во проектот вложила  6 милиони евра, а изградбата треба да се заврши за 14 месеци, по што ќе следи уредување на внатрешноста и технолошко моделирање. Скандал се случи во 2013, кога банкротираше австриската градежна компанија „Алпине бау“, па карабината продолжи да ја гради  скопската градежна фирма „Гранит“,  за  4, 7 милиони евра. По неколкумесечна стагнација, Министерството за култура  склучи договор со австриската  фирма “Страбаг АГ“ за целосно внатрешно уредување на новата сала, вреден речиси 27 милиони евра.  На акустиката работеше Јорг Кумел, еден од најпознатите акустичари во светот.

    Новиот објект е изграден според идејното решение на архитектот Виктор Михајлов,  и има две сали, голема со 1.000 седишта, и мала со 310 седишта, од кои 168 се фиксни, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира