ХИТОВИТЕ НА „КВИН“ ГИ СОБРАА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА СКОПЈЕ, АТИНА, ЗАГРЕБ И ПРИШТИНА

    ХИТОВИТЕ НА „КВИН“ ГИ СОБРАА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА СКОПЈЕ, АТИНА, ЗАГРЕБ И ПРИШТИНАХитовите на Квин од вип ложата ги следеа и премиерот Зоран Заев и гостите на градоначалникот Петре Шилегов, градоначалниците на Атина Јоргос Каминис, на Загреб Милан Бандиќ и на Приштина Шпенд Ахмети.(Фото: К.Попов)

    Најголемите хитови на групата „Квин“ вчеравечер го наполнија Градскиот парк во Скопје. Македонската филхармонија, хорот на Македонската опера и балет и трибјут бендот „Квин рил трибјут“, на двочасовниот концерт со специјални аранжмани ги потсетија скопјани на добро познатите хитови на легендарната рок група.

    Македонската филхармонија, хорот на Македонската опера и балет и трибјут бендот „Квин рил трибјут“, на двочасовниот концерт со специјални аранжмани ги потсетија скопјани на добро познатите хитови на легендарната рок група.(Фото: К.Попов)

    Вокалот на бендот „Квин рил трибјут“, Иван Ристановиќ, облечен во костими какви што носел на концерите и по кој беше препознатлив легендарниот Фреди Мекјури, уште од стартот на концертот беше поздравен со аплаузи од публиката. Атмосферата се вжешти со еден од најголемите хитови на „Квин“ песната „Барселона“, која заедно со него ја изведуваше оперската певица Весна Ѓиноска-Илкова.

    Оперската певица Весна Ѓиноска-Илкова, заедно со бендот “Квин рил трибјут“ ја изведоа песната „Барселона“. (Фото: К.Попов)

    „Квин“ освен Скопјани од вип ложата во парк го слушаа и премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот Бујар Османи, како и гостите на градоначалникот Петре Шилегов, градоначалниците на Атина Јоргос Каминис, на Загреб Милан Бандиќ и на Приштина Шпенд Ахмети.

    Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Атина Јоргос Каминис.(Фото: К.Попов)

    Концерот беше во организација на Град Скопје, Младинскиот културен центар и Македонската филхармонија, како дел од лената културна програма на Градот.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира