МАКРОН И МАТАРЕЛА ЗАЕДНО ЈА ПРОСЛАВИЈА 500-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ДА ВИНЧИ

    МАКРОН И МАТАРЕЛА ЗАЕДНО ЈА ПРОСЛАВИЈА 500-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ДА ВИНЧИПретседателите Серџо Матарела и Емануел Макрон го посетија гробот на Да Винчи во капелата во кралската палата во градот Амбоаз во Франција, каде ренесансниот мајстор починал на 2 мај во 1519 на 67 години (Фото: АФП)

    Претседателите на Франција и на Италија Емануел Макрон и Серџо Матарела денес го посетија гробот на италијанскиот ренесансен гениј Леонардо да Винчи во францускиот град Амбоаз, на 500-годишнината од неговата смрт.

    Малиот град покрај реката Лоара, каде Да Винчи починал на 2 мај во 1519 на 67 години, беше затворен поради страв од протестите на „жолтите елеци“. Голем број ресторани и продавници беа затворени во градот со 13.000 жители, а сообраќајот беше затворен во радиус од 5 километри.

    Да Винчи дошол во Амбоаз три години пред неговата смрт, на покана на Кралот Франсис Први, во период кога ривалите Микеланџело и Рафаел станувале ѕвезди.

    Леонардо да Винчи е закопан во замокот во Амбоаз (Фото: АФП)

    Макрон и сопругата Брижит, а Матарела со ќерката Лаура го посетија гробот во капелата во кралската палата во градот, по што следеше прием за стотици млади Италијанци и Французи кои ќе учествуваат во работилници за архитектура, литература и наука.

    Заедничката прослава на италијанскиот уметник следи по неколкумесечни дипломатски тензии меѓу Париз и Рим, главно околу политикаата на италијанската популистичка влада и нејзината поддршка за антивладините протести на „жолтите елеци“ во Франција.

    Италија и Франција, исто така, се смирија околу договорот со кој Италија во октомври ќе му позајми на парискиот музеј Лувр повеќе дела од Да Винчи. Со помалку од 20 слики кои постојат од Да Винчи , многу Италијанци се навредени дека Лувр поседува пет од нив, како и 22 цртежи.

    Италијанската влада ја обвини претходната власт за „предавство“ на наследството на Да Винчи на Франција, кога потпишаа договор со Париз со кој на Лувр му се дозволи да позајмува дела од уметникот од италијанските музеи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира