РУСКАТА ПЕЈАЧКА НА ЕВРОВИЗИЈА ЌЕ ПЕЕ ПРЕКУ САТЕЛИТ ОТИ УКРАИНА Ѝ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ

    РУСКАТА ПЕЈАЧКА НА ЕВРОВИЗИЈА ЌЕ ПЕЕ ПРЕКУ САТЕЛИТ ОТИ УКРАИНА Ѝ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ

    Јулија Самоилова, пејачката која е претставник  на Русија на годишнешната Евровизија во Киев, ќе настапува преку сателит, по забраната за влез во Украина за три години, поради нелегален влез во Крим во 2015, каде што била за настап на гала концерт.

    ЕБУ со седишта во Женева кој е организатор на Евровизија изјави за случајот: „Евровизија се обидува да ја зачува нејзината аполитичка природа, затоа работевме многу за да најдеме решение. На крајот ѝ понудивме на руската Канал еден,  телевизијата која што ја одбра за претставник на Русија, Самоилова сепак да има можност да настапи во живо на второто полуфинале, преку сателит“.

    Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков ја критикуваше одлуката: „Од наша гледна точка, ова е голема штета,  која се надеваме дека ќе се преиспита.“ Тој смета дека забраната сериозно ја намалува вредноста на натпреварот.

    Од друга страна, Самоилова изјави дека се обидува да остане во добро расположение. „Сé на сé, јас не сум толку вознемирена“, вели таа за Канал еден. „Ќе продолжам, верувајќи дека сето ова некако ќе се смени.“ Таа додаде дека не може да разбере зошто украинските власти би гледале некаква закана во неа.

    Евровизискиот натпревар се состои од две полуфинални вечери на 9 и 11 Мај, проследени со финалната вечер на 12 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира