СКОПЈЕ Е НАЈЕВТИН ГЛАВЕН ГРАД ЗА ТУРИСТИ ВО ЕВРОПА, САМО КАФЕТО Е ПОСКАПО ОТКОЛКУ ВО РИМ

    СКОПЈЕ Е НАЈЕВТИН ГЛАВЕН ГРАД ЗА ТУРИСТИ ВО ЕВРОПА, САМО КАФЕТО Е ПОСКАПО ОТКОЛКУ ВО РИМНа листата на „Вондеру“ е наведено дека иако Скопје, е најевтин главен град во регионот и во Европа, има повисоки трошоци за храна, пијалок и влезници од земјите во регионот (Фото: М. Златевеска

    Низ Европа има малку земји каде драстично варираат трошоците за транспорт, јадење и знаменитости. Во некои  земји има и огромни разлики од град во град.

    Сајтот „Вoндеру“ направи листа за туристите, со спoредба на трошоци врзани со хотели, такси, јавен превоз, храна, пијалоци, кафе и влезници во музеи. Ги рангираше главните градови во Европа, од најекономични до најскапи, користејќи специјална методологија, базирана на просечните навики за трошење на туристите кога посетуваат ново место .

    Генерално, земјите во Источна Европа имаат најдобро цени за туристите. Има историски и научни атракции, и разновиден ноќен живот. На другата страна од скалата, се Северна и Западна Европа со висок трошок на живеење, но и можности за уникатни искуства.

    „Иако главниот град на Македонија, Скопје, е најевтин главен град во регионот и во Европа, сепак трошоците за храна, пијалок и за влезници во музеите се повисоки од трошоците во Анкара, Приштина и во Киев“, пишува на „Вондеру“.

    Меѓу информациите објавени на сајтот, има интересни податоци како на пример : кафето во Скопје е поскапо од кафето во Рим, едно пиво на Исланд чини колку шест во Скопје, една вечера во ресторан во Монако чини колку шест вечери во Скопје.

    Иако Брисел не е баш најевтин, сепак е град во Западна Европа кој туристите може најмногу да си го дозволат, а најскап е Монте Карло.

    Во Северна Европа, наевтин град е Вилнус во Литванија, а најскап Рејкјавик во Исланд. Во Централна Европа најевтин град е Братислава, а Виена е најскап.

    Киев е најскап град во Источна Европа, а Скопје најевтин. Во Јужна Европа, Никозија (Кипар) е најевтин град, а Валета (Малта) најскап.

    Во Европа, Скопје има најевтини хотели, а по него се Подгорица, Приштина, Ереван и Минск, додека пак најскапите хотели се во Монте Карло, Рејкјавик, Даблин, Амстердам и Лондон.

    Москва има најевтин такси превоз, а Лондон најскап. Кишинев во Молдавија е прв на листата со евтин јавен транспорт, а Вадуц во Лихтенштајн со најскап.

    Пивото е најевтино во Баку, а најскапо во Рејкјавик, кафето е најевтино во Киев, а најскапо во Копенхаген.

    Храната е најевтина во Анкара, а најскапа во Монте Карло. Билетот за во музеј има најниска цена во Приштина, а највисока во Рејкјавик.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари