ЧЕШКИ РЕЖИСЕР КРУЖИ НИЗ СВЕТОТ СО „ТРАБАНТ“ ОТИ НЕМАЛ „ЛЕНД РОВЕР“

    ЧЕШКИ РЕЖИСЕР КРУЖИ НИЗ СВЕТОТ СО  „ТРАБАНТ“ ОТИ  НЕМАЛ „ЛЕНД РОВЕР“Изминатава деценија Прибан со „трабантот“ поминал низ Кина, Европа, Блискиот Исток, Африка и Јужна Америка, а неодамна го почна последното патување со, како што вели „жолтиот циркус караван“

    Ништо не ја симболизира старата Источна Германија како „трабант“. Малиот автомобил со кружните предни светла останува до ден – денес симбол на комунизмот.

    Денес, модели на „трабант“ ретко се гледаат на улиците на модерна Германија. Но, во изминатава деценија, два „трабанти“ играа главна улога во проектот на чешкиот режисер Дан Прибан.

    Во 2007 година Прибан одлучи да земе два „трабанти“ на сопствената авантура на четири тркала – наречена „Транстрабант”.

    Причината поради која го избра „трабантот“, како што рече тој, бидејќи не може да си дозволи „Ленд ровер“.

    Подигајќи пари за проектот преку кроудфандинг, тој со уште двајца пријатели поминале 15.000 километри во двата „трабанти“ по патот на свилата во Кина.

    За време на патувањето, кога ќе сретнеле Германци, тие барале да ја отворат хаубата и да се уверат дека автомобилите сè уште го имаат оригиналниот двотактен мотор на Цвикау

    Проектот наиде на таков успех што тие одлучија да го продолжат. Оттогаш тие ги возат автомобилите низ Блискиот Исток, Африка и Јужна Америка.

    Но, оваа година, патувањето со „трабантите“ конечно ќе заврши. Пролетва Прибан и неговиот тим тргнале на своето последно патување во нивните „пластични автомобили”, како што биле познати од Источна Германија до Индија.

    До почетната точка во јужна Индија стигнале со брод и оттаму тимот планира да отпатува за Кина и назад во Европа, патување долго околу 25.000 километри. Овојпат, ги придружува мал полски „Фиат“.

    „Сметаме дека веќе направивме сè “, рече 42-годишниот Прибан пред да тргнат, со како што го нарекува, „жолтиот циркус караван”.

    Во многу земји, луѓето не ги препознавале „трабантите“. „Во Индонезија, сите извикуваа: ’Мистер Бин, Мистер Бин “, вели Прибан. Тие мислеле дека е мини купер, управуван од британскиот комичар Роуан Аткинсон.

    Кога пак, ќе сретнеле Германци, тие барале да ја отворат хаубата и да се уверат дека автомобилите сè уште го имаат оригиналниот двотактен мотор на Цвикау.

    Филмовите кои тимот ги направи на своите „Транстрабант” експедиции имаат еден вид култен статус во Чешка, а беа прикажани во кино и на телевизија.

    Кроуфундинг, исто така, продолжи да биде важен извор на средствата, а донаторите добиваат мал сувенир – автомобил со нивното име на хаубата.

    Филмовите кои тимот ги направи на своите експедиции имаат еден вид култен статус во Чешка, а беа прикажани во кино и на телевизија

    Прибан вели дека една од најздодевните работи во врска со патувањето биле заглавувањето во сообраќајните метежи, како во Индонезија на пример, каде ретко излегол од втора брзина.

    Тој не се плаши од лоши услови на патот, како што вели, на крајот на краиштата, „трабанот“ се појавил во време кога луѓето често возеле на лоши патишта.

    Немале непријатни случки, освен во Чиле кога крадци пробале да влезат преку отворениот прозорец на совозачкото седиште.

    „Но, тие не можеа да ја отворат вратата бидејќи не можеа да ја најдат рачката”, вели Прибан, додавајќи фраза позната од компјутерскиот свет, „сигурност преку опструкција“.

    Во секој случај, крадците не би отишле далеку со колата. „Двотактниот мотор е различен – возачот мора да развие чувство за моторот”, вели Прибан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира