141 НОВ СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ОД 1.559 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 79-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ

    141 НОВ СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ОД 1.559 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 79-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦДенеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти. (Фото: К. Попов)

    Скопјанец не возраст од 79 години почина во последните 24 часа, а регистрирани се 141 нов случај на ковид-19 од направени 1.559 тестирања. Новите случаи по градови се Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември” примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 17.483,, од кои оздравени се 14.516, починатис е 722, а во моментов активни се 2.245.  Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 6.832, активни 650
    • Куманово 1.741, активни 183
    • Дебар 282, активни 40
    • Штип 1.249, активни 57
    • Прилеп 658, активни 123
    • Тетово 1.413, активни 166
    • Струга 664, активни 60
    • Велес 317, активни 33
    • Битола 290, активни 57
    • Охрид 421, активни 49
    • Кавадарци 230, активни 44
    • Гостивар 926, активни 108
    • Гевгелија 124, активни 52 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 226, активни 147
    • Крива Паланка 104, активни 28
    • Радовиш 75, активни 19
    • Крушево 20, активни 3
    • Кочани 323, активни 139
    • Пробиштип 110, активни 21
    • Демир Хисар 61, активни 2
    • Македонски Брод 92, активни 13
    • Пехчево 43, активни 3
    • Берово 91, активни 27
    • Валандово 30, активни 21
    • Виница 108, активни 29
    • Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 24, активни 0
    • Свети Николе 335, активни 31
    • Кичево 319, активни 34
    • Ресен 164, активни 16
    • Неготино 52, активни 5 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.559 теста се преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-74, Авицена-320, Биотек-122, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори)-157, Систина со PCR метода -174, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-128, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-19, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 62
    • Гази Баба – 80
    • Аеродром – 97
    • Карпош – 83
    • Центар – 91
    • Кисела Вода – 69
    • Ѓорче Петров – 47
    • Бутел – 29
    • Шуто Оризари – 17
    • Студеничани – 8
    • Сарај – 12
    • Арачиново – 5
    • Илинден – 25
    • Сопиште – 3
    • Чучер Сандево – 5
    • Петровец – 7
    • Зелениково – 2
    • Странец – 8
    • Нераспределен-1

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира