322 ЛИЦА НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛЕ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ВЕЛИГДЕНСКИОТ ВИКЕНД

    322 ЛИЦА НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛЕ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ВЕЛИГДЕНСКИОТ ВИКЕНДВо саботата, неделата и понеделникот поради непочитување на полицискиот час, приведени се 248 лица, а на останатите 74 земени им се податоци и ќе им бидат поднесени соодветни мерки.(Фото: К. Попов)

    За време на продолжениот празничен викенд 322 лица на територијата на цела држава не ја почитувале забраната за движење заради заштита од коронавирусот. Според извештаите на Министерството за внатрешни работи, во саботата, неделата и понеделникот поради непочитување на полицискиот час приведени се 248 лица, а на останатите 74 земени им се податоци и ќе им бидат поднесени соодветни мерки.

    „Во саботата, 84 лица биле затекнати од припадници на МВР како се движат за време на полицискиот час, во неделата 121, а вчера 117 граѓани не ја почитувале забраната за движење“, велат од МВР.

    За време на велигденскиот викенд на 404 лица им се издадени решенија за изолација, а 204 потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, четири лица изминативе три дена не ги почитувале мерките.

    Полицискиот час изминатиот празничен викенд траеше 85 часа, од петокот во 16 до утрово во 5 часот. Премиерот Оливер Спасовски најави дека после првомајските празници ќе следува олабавување на мерките кои ги донесе Вадата за спречување на понатамошно ширење на вирусот КОВИД-19.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира