45,74 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ СО ПРАВО НА ГЛАС ГЛАСАЛЕ ДО 19 ЧАСОТ

    45,74 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ СО ПРАВО НА ГЛАС ГЛАСАЛЕ ДО 19 ЧАСОТЗа разлика од целиот ден кога најголема излезност имаше во третата изборна единица, сега според податоците до 19 часот најголем одѕив има во четвртата изборна единица, а најмал останува во шестката.(Фото: К.Попов)

    До 19 часот 45,74 отсто од граѓаните со право на глас излегле да гласаат на денешните предвремени парламентарни избори. Од вкупно 1.814.613 граѓани запишани во избирачкиот список, според податоците од 3.463. избирачки места од вкупно 3.480, гласале 829,927 граѓани.

    За разлика од целиот ден кога најголема излезност имаше во третата изборна единица, сега според податоците до 19 часот најголем одѕив има во четвртата изборна единица, а најмал останува во шестката.

    Во првата изборна единица гласале 47,38 отсто од граѓаните во избирачкиот список, во втора 43,37, а во третата 51,51. Во четвртата изборна единица одѕивот е 53,22 отсто, во петката 44,87 и во шестката 35,46.

    Гласачките места ќе бидат затворени во 21 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира