6 ПОЧИНАТИ, 156 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД КОИ 100 СЕ ВО СКОПЈЕ

    6 ПОЧИНАТИ, 156 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД КОИ 100 СЕ ВО СКОПЈЕДенешната бројка на новодијагностицирани е од направени 1. 227 тестирања.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Шест лица починаа, а регистрирани се 156 нови случаи на КОВИД-19 од кои 100 во Скопје во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Денешната бројка на новодијагностицирани е од направени 1. 227 тестирања.

    Покрај 100 заразени во Скопје, 19 нови случаи има во Тетово, 11 во Куманово, по 6 во Штип и Велес, 3 во  Кочани, 2 во Струга и по еден заболен има во Дебар, Прилеп, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Кратово и во Свети Николе.

    „Од починати  6 лица, четворица се пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката. На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во Болницата во  Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни“, велат од Министерството за здравство.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти и во Скопје 10, Штип 3, Тетово 10, Велес 1, Битола 1 и Неготино 2.

    Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на КОВИД -19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат.
    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира