Скопските општини Аеродром, Центар и Капрош имаат најмногу активни случаи на ковид-19, над 300. Според денешните податоци за бројот на заразени од 3.996 активни случаи во Скопје се речиси половина, односно 1.802.
Најмногу заразени има во Аеродром-338, во Центар-328 и во Карпош-317. Потоа следуваат Кисела Вода-209, Гази Баба-171, Ѓорче Петров-154, Чаир-89 и во Бутел-70. Во Сарај бројката на заразени е 16, а во Шуто Оризари 13. Во Илинден има 31 позитивен жител, Сопиште-12, Петровец-6, Арачиново и Чучер Сандево по 4, во Студеничани и Зелениково по 3. Во бројките на Скопје влегуваат и 14 странци позитивни на ковид-19 и 20 нераспределени.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800. Во моментов во болница се лекуваат 432 пациенти.
- УШТЕ ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ, 80 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 680 ТЕСТОВИ, 432 ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО БОЛНИЦА
А. АНТЕВСКА