БЕСМИСЛЕНО Е РОДИТЕЛИТЕ ДА СЕДАТ ДОМА КОГА ГРАДИНКИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ, ОНИЕ СО ДЕЦА ДО 10 ГОДИНИ СЕ ВРАТЕНИ НА РАБОТА УШТЕ НА 7 ЈУЛИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ШАХПАСКА

    БЕСМИСЛЕНО Е РОДИТЕЛИТЕ ДА СЕДАТ ДОМА КОГА ГРАДИНКИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ, ОНИЕ СО  ДЕЦА ДО 10 ГОДИНИ СЕ ВРАТЕНИ НА РАБОТА УШТЕ НА 7 ЈУЛИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ШАХПАСКАМинистерката Шахпаска кажа дека вчерашната владина одлука, од 23 септември да се вратат на работа родителите кои користеле мерки на Владата за заштита од ковид-19, се однесува на оние кои имаат деца од 0 до 6 години и на мајките на кои им било продолжено породилното боледување. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бесмислено е родителите на деца до 6 години да седат дома кога градинките се отворени, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа кажа дека вчерашната владина одлука, од 23 септември да се вратат на работа родителите кои користеле мерки на Владата за заштита од ковид-19, се однесува на оние кои имаат деца од 0 до 6 години и на мајките на кои им било продолжено породилното боледување.

    Родителите на деца од 6 до 10 години, како што кажа Шахпаска, се вратени на работи со одлука на Владата уште на 7 јули.

    „Доколку оваа категорија родители седат дома, тогаш отворањето на градинките ја губи смислата. Родителите беа ослободени од работа затоа што се затворија градинките, но сега повторно се отворени. Мајките на кои им завршило породилното боледување не се ризична група, а градинките згрижуваат деца и во јасли. Во градинките има места за децата. Нашите анализи покажаа дека голем број од родителите ги запишале децата, а пак не ги носат во градинка“, рече Шахпаска.

    Според ковид протоколите, во градинките има место за 19.000 деца, а досега се запишани 14.550 деца.  Градинките по пауза од 6 месеци беа отворени на 9 септември.

    А. АНТЕВСКА  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира