БИТОЛСКАТА ЛЕВИЦА УДРИ СО ДЕСНИЦА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:376:"Битолскителевичари,здруженија,екологистиидругиграѓаниседелодБитолскотодвижење,коесонеделисоинвентивнитегерилаакциипротивкорумпиранатавластгопривлекувавниманиетонацелаМакедонија";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛСКАТА ЛЕВИЦА УДРИ СО ДЕСНИЦА

    Како во партизанско доба мафтаат со црвени знамиња, носат пароли за социјална правда, пеат песни од НОБ, ја слушаат Интернационалата и песната на антифашистичкиот отпор во Италија „Бела чао“. Тоа се другарите на притворениот Здравко Савевски, еден од истакнатите членови на политичката партија Левица во неговата родна Битола. Соборците веќе два месеца се на чело на протестите во градот барајќи повлекување на аболицијата од Иванов и одговорност од сите политички функционери кои се огрешиле пред законот.

    Тоа што судството речиси еден месец го држи Здравко Савевски од Левица во домашен притвор, не ги исплаши неговите сопартијци од Битола. Напротив, како печурки никнуваат сѐ повеќе млади битолчани кои се приклучуваат кон протестите. Тие порачуваат дека со притвори и казни нема да им го скршат духот.

    герила акција со владимирките1

    Во носењето на одлуките за герила акциите еднакво се вклучени сите и не постои еден кој има главен збор – една од акциите беше печатењето на парите „владимирки“ со ликот на аболицираниот градоначалник Владимир Талески

    „Протестираме против одлука која нас, граѓаните и нив, политичките елити, не поставува во нееднаква положба. За корумпираните политичари непоимлива е борбата за подобро утре втемелена на идеали. Тие сметаат дека ако нѐ притиснат ќе нѐ поколебаат како што тие би постапиле, но забораваат дека нашата храброст не доаѓа од некоја удобна позиција, туку од искрената желба за промена на општеството во подобро“, вели Никола Славевски, член на Левица од Битола и еден од водачите на протестите.

    Но, кои се всушност младите луѓе кои протестираат во Битола? Едно е јасно, тие не го фатија авионот за да побегнат во Европа, туку останаа да се изборат Битола да не биде веќе последната станица на возот во Македонија. Повеќето од нив се чеда на горната гимназија, каде учеше и Савевски, а каде и за време на НОБ „се калеше челикот“, односно беше школо на пролетеријатот. Денес тие се факултетлии, кои не извадија книшки од партијата на власт за да добијат работа и да уживаат во лична благосостојба. Тие излегоа преку протести и улична герила да го променат општеството за општо добро. Меѓу нив има и девојки, кои понекогаш косите ги носат во плетенки како партизанките, а беретките се веќе моден хит.

    „Левица не сака да ги хегемонизира протестите во Битола, бидејќи тоа е спротивно од нашите заложби за демократизација на ова општество. Но, можеме да кажеме дека иконографијата што се користи е од долгата традиција на движењата за работнички права и социјална правда. На протестите има црвени и црни, тоа се знамиња на слободарските антифашистички движења и борби, а оваа е борба против една фашизоидна власт, па нивното место е таму“, вели Славевски.

    Во периодот кога сите мислеа дека социјализмот како идеологија е погребан, Левица удри со својата десница и повторно ги отвори прашањата за еднаквост на граѓаните и социјална правда.

    Ги запрашавме од каде кај младите повторно воскресна оваа идеологија?

    „Нашите генерации растеа за време на транзицијата и бевме сведоци на уништувањето на социјалната сигурност и работничките права со неолибералните политики кои секоја досегашна власт ги применуваше. Обидувајќи се со таквите политики де се ослободиме од негативностите на социјализмот ние ги изгубивме и придобивките кои беа стекнати, придобивки како социјална сигурност, поголеми работнички права. Сведоци бевме и на грабежот кои елитите го направија во ова општество, а со тоа ги осиромашија останатите“, вели Славевски.

    Битолските левичари, здруженија, екологисти и други граѓани се дел од Битолското движење, кое со недели со инвентивните акции и герили го привлекува вниманието на цела Македонија. Ги испечатија парите „владимирки“, па лепенките со ликот на битолскиот помилуван градоначалник Владимир Талески за кружните текови, маскирани како финкционерите од власта пуштија во употреба импровиран стадион со мали голчиња на плоштадот Магнолија во Битола. Ги прашавме кој е мозокот на идеите? Велат нема еден главен, сите се еднакви.

    „Герила акциите ги осмислуваат членовите на Битолско движење, а за подготовка на реквизитите не е потребен посебен простор тие можат да бидат подготвени дури и во нашите домови. Одлуките се донесуваат по принципот на директна демократија и хоризонталност, сите вклучени се еднакви и не постои еден кој има главен збор“, вели Славевски.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари