БУГАРИЈА ЈА БЛОКИРА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И ГО ПРЕКРШИ ДОГОВОРОТ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    БУГАРИЈА ЈА БЛОКИРА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И ГО ПРЕКРШИ ДОГОВОРОТ, РЕЧЕ ЗАЕВ„Ја имаме првата блокада од Бугарија. Членот 2 од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да нè поддржува кон патот за интеграција во ЕУ. Денеска е прекршен тој Член 2 од Договорот, ние ништо досега не сме прекршиле, напротив имплементираме. Ова е прво непријатно чувство“, рече Заев за време на увидот на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар. (Фото: К. Попов)

    Денеска ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка во Брисел, на првиот состанок на Комитет на постојани претставници во Советот на Европска Унија (КОРЕПЕР), рече премиерот Зоран Заев. Тој кажа дека Советот за општи работи на министрите на ЕУ (ГАК) на кој треба да се прифати преговарачката рамка за почнување на пристапните преговори е одложен за 17 место на 10 ноември, а дотогаш ќе има уште два состанока на КОРЕПЕР.

    „Ја имаме првата блокада од Бугарија. Членот 2 од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да нè поддржува кон патот за интеграција во ЕУ. Денеска е прекршен тој Член 2 од Договорот, ние ништо досега не сме прекршиле, напротив имплементираме. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија, првиот чекор е блокиран“, рече Заев за време на увидот на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

    Тој рече дека не треба да се прави драма иако, како што рече, испратена е неубава порака од бугарска страна и додаде дека верува оти првата Меѓувладина конференција ќе се одржи во декември.

    Заев кажа и дека ќе нема нов договор или анекс на Договорот со Бугарија, туку изјави кои треба да појаснат, а дека ставовите може да се приближат преку модел на зедничка историја, „оти имаме заедничко минато, и Македнија и Бугарија, имаме де заедничка, а дел посебна историја, од кое што минато се произлезени денешните македонски и бугарски јазик“, а дека историските работи треба да ги решат историчарите.

    Тој кажа дека е оптимист за решение.

    „Следува и средбата на Берлинскиот процес, се надевам дека ако бугарскиот премиер Борисов е во добро здравје ќе се видиме и ќе поразговараме на оваа тема, ако не ќе се видиме онлајн. Има и интензивна комуникација преку министерствата за надворешни работи и верувам дека ќе се изнајде креативно решение“, рече Заев.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира