95 ОД ПАТНИЦИТЕ ЗА ФИНСКА БИЛЕ СО КОСОВСКИ ПАСОШИ, ЧЕКАМЕ ОДГОВОР КОИ СЕ 24-ЦАТА СО КОВИД-19, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    95 ОД ПАТНИЦИТЕ ЗА ФИНСКА БИЛЕ СО КОСОВСКИ ПАСОШИ, ЧЕКАМЕ ОДГОВОР КОИ СЕ 24-ЦАТА СО КОВИД-19, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕСпоред добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши“, напиша министерот Филипче од својот фејсбук профил.(Фото: ТАВ)

    Собираме информации од финските власти кои се 24 патници позитивни на ковид-19 кои слетале во Турку, вели министерот за здравство Венко Филипче. Се чекаат информации дали станува збор за неколку семејства или се поединечни случаи и каков тип на тестови им биле направени. Институтот за јавно здравје работи на проверка дали на некои од патниците им била издадена мерка самоизолација во нашата земја.

    „По добивање на информациите за позитивните веднаш ќе се пристапи кон утврдување на контактите кои тие лица  евентуално ги имале во нашата земја. Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши“, напиша министерот Филипче од својот Фејсбук профил.

    Од Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Меѓународниот аеродром Скопје и граничната полиција информираат дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Северна Македонија, или транзитираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

    „Апелира задолжително да се почитуваат сите мерки за лична заштита при секое патување и секаде каде што е пропишано, зголемена дезинфекција на раце и одржување дистанца“, вели министерот Филипче.

    Во неделата службите на скопскиот аеродром спречиле четиричлено семејство да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази останатите патници. Мајка со три деца, тестирани во приватна клиника, сите четворица позитивни на коронавирус, не ги послушале епидемиолозите да се самоизолираат и заминале на еродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти и семејството било запрено пред да се качи на авион.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира