ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА, 162 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.350 ТЕСТОВИ, ПАК СЕ ПОЛНАТ БОЛНИЦИТЕ

    ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА, 162 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.350 ТЕСТОВИ, ПАК СЕ ПОЛНАТ БОЛНИЦИТЕНа Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти, а на кислородна поддршка се 41. Бројот на вкупно хоспитализирани во оваа болница од понеделникот досега порасна за 14. (Фото: СДК.МК)

    Четири пациенти починаа, а регистрирани се нови 162 случаи на ковид-19 од 1.350 тестирања во изминатото деноноќие. Во болнички услови се починати се тројца пациенти од Скопје на возраст од 55, 80 и 81 година и еден 81-годишен пациент од Штип.

    Новите 162 случаи се од следните општини: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Бројот на вкупно хоспитализирани на Инфективна од понеделникот досега порасна за 14.

    Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 30 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Валандово-2, Свети Николе-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 18.138, од кои оздравени се 15.068, починати се 743, а во моментов активни се 2.327. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 7.100, активни 775

    • Куманово 1.777, активни 184

    • Дебар 287, активни 32

    • Штип 1.262, активни 51

    • Прилеп 689, активни 124

    • Тетово 1.455, активни 149

    • Струга 673, активни 42

    • Велес 330, активни 33

    • Битола 314, активни 67

    • Охрид 430, активни 33

    • Кавадарци 241, активни 42

    • Гостивар 936, активни 86

    • Гевгелија 129, активни 41 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 261, активни 156

    • Крива Паланка 113, активни 28

    • Радовиш 89, активни 25

    • Крушево 20, активни 1

    • Кочани 375, активни 161

    • Пробиштип 116, активни 23

    • Демир Хисар 61, активни 2

    • Македонски Брод 93, активни 8

    • Пехчево 44, активни 3

    • Берово 104, активни 30

    • Валандово 36, активни 23

    • Виница 116, активни 28

    • Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 25, активни 1

    • Свети Николе 353, активни 43

    • Кичево 328, активни 34

    • Ресен 164, активни 15

    • Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.350 теста се преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-57, Авицена-291, Биотек-173, МАНУ -141, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -108, лабораторија Лаор –23, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-3, ГАК-13, Синлаб-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 56

    • Гази Баба – 88

    • Аеродром – 123

    • Карпош – 99

    • Центар – 118

    • Кисела Вода – 96

    • Ѓорче Петров – 55

    • Бутел – 29

    • Шуто Оризари – 17

    • Студеничани – 8

    • Сарај – 15

    • Арачиново – 5

    • Илинден – 33

    • Сопиште – 3

    • Чучер Сандево – 6

    • Петровец – 5

    • Зелениково – 2

    • Странец – 10

    • Нераспределен-7

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира