ДИМИТРОВ ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА, ЦАРОВСКА МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, БОЈАН МАРИЧИЌ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА, ОБЈАВИ ЗАЕВ

    ДИМИТРОВ ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА, ЦАРОВСКА МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, БОЈАН МАРИЧИЌ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА, ОБЈАВИ ЗАЕВПо вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ лидерот и иден премиер Зоран Заев ги објави имињата на министри во новата Влада која, како што кажа, ќе има 19 министри и премиер, а не 26 како досега. (Фото: К. Попов)

    Никола Димитров заминува од министер за надворешни работи на вицепремиерското места за евроинтеграции, Мила Царовска го презема министерството за образование, а досегашниот советник на Зоран Заев, Бојан Маричиќ е нов министер за правда. По вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ лидерот и иден премиер Зоран Заев ги објави имињата на министри во новата Влада која, како што кажа, ќе има 19 министри и премиер, а не 26 како досега.

    Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Венко Филипче оствануваат први луѓе на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана односно Министерството за здравство. Со Министерството за труд и социјална политика ќе раководи Јагода Шахпаска, а актуелниот градоначалник на Штип Благој Бочварски го презема Министерството за транспорт и врски од Горан Сугарески.

    Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски ќе биде вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси. Заев објасни дека овој нов ресор ќе ги координира сите институции и сектори за борба против корупцијата во државните институции заради поголема ефикасност.

    Министерка за култура ќе биде експратеничката Ирена Стефоска која во минатиот собраниски состав беше претседателка на комисијата за култура, а Горан Милевски останува во Министерството за локална самоуправа. Досегашниот економски советник Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економија.

    Министерството за земјоделство ќе го раководи коалициониот партнер БЕСА.

    Претходно вечерва, лидерот на ДУИ Али Ахмети ги објави кандидатите на неговата партија за министри: Артан Груби, како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи министер за надворешна работи, Крешник Бектеши министер за економија, Насер Нуредини за животната средина, додека за министер за информативно општество ќе треба да се направат уште дополнителни консултации. Тој потврди дека претседател на Собранието ќе биде Талат Џафери.

    Заев рече дека очекува ако следната недела биде изгласана Владата веднаш да предложи и заменици министри.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира