ДРЖЕВМЕ РАСТОЈАНИЕ ВО ЦРКВА, ЗАР ДА ОСТАНЕМЕ НЕВЕНЧАНИ, ПАНДЕМИЈАТА МОЖЕ ЌЕ ТРАЕ 3 ГОДИНИ, ВЕЛИ БОГДАНОВИЌ

    ДРЖЕВМЕ РАСТОЈАНИЕ ВО ЦРКВА, ЗАР ДА ОСТАНЕМЕ НЕВЕНЧАНИ, ПАНДЕМИЈАТА МОЖЕ ЌЕ ТРАЕ 3 ГОДИНИ, ВЕЛИ БОГДАНОВИЌВо црква цело време држевме растојание, единствено тоа не беше испочитувано кога правевме заедничка фотографија за спомен од овој ден“, вели градоначалникот Богдановиќ.(Фото: Грачаница онлајн)

    При венчавката во црква ги почитувавме протоколите за држање растојание, единствено мерките не се почитуваа кога правевме заедничка фотографија со нашите најблиски, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

    Откако денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека го осудува собирањето на свадбата на Богдановиќ и дека тој требало да биде пример за граѓаните во почитување на мерките, младоженецот смета дека со венчавањето не прекршил никакви мерки и дека соодветно биле почитувани препораките.

    „Можеби пандемијата ќе трае три години, зар три години да останеме невенчани!? Нигде не се забранети црковни венчавки, ниту во Македонија. Имавме само 25 најблиски гости, родителите, кумовите и старосватите. Не правевме свадбена веселба, само се венчававме. Во црква цело време држевме растојание, единствено тоа не беше испочитувано кога правевме заедничка фотографија за спомен од овој ден“, вели Богдановиќ.

    Тој вели дека решиле да се венчаваат во Косово, во манастирот во Грачаница бидјеќи таму почнала љубовната врска меѓу него и неговата избраничка Јелена, наставничка во основно училиште во Скопје.

    „Сакавме на местото каде што се заљубивме, да склучиме брак. Не знам зошто тоа е толку страшно. Па луѓе се венчаваат во Германија, на бродови, на плажи надвор од Македонија… Што е страшно што јас сум се венчал на Косово“, додава Богдановиќ.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира