ЕУ БАРА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ И ОПОЗИЦИЈАТА ДА ГО СПРОВЕДАТ ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО

    ЕУ БАРА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ И ОПОЗИЦИЈАТА ДА ГО СПРОВЕДАТ ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНОПремиерот Зоран Заев на синоќешната прослава по изгласувањето на новата влада (Фото: СДК.МК)

    Европската унија го поздрави изгласувањето на новата влада на чело со премиерот Зоран Заев и повика заедно со опозицијата конструктивно да ги спроведат сите делови од договорот од Пржино.

    „Европската унија е подготвена да ја поддржи работата што новата влада, како и опозицијата, ќе ја сработат за конструктивно да ги имплементираат сите делови од договорот од Пржино и итните реформски приоритети“, се вели во заедничката изјава на потпретседателката Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан.

    „Очекуваме сите парламентарни партии да ги стават настрана поделбите и сега заедно да работат за да се создаде, од почеток, заедничка реформска агенда која ќе ѝ користи на земјата во целост. Ова, исто така, е суштинско за да се врати земјата на нејзиниот европски пат, процес за кој е јасно дека граѓаните го сакаат и заслужуваат“, се вели во изјавата на ЕУ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари