И ДУИ ТРЕБА ДА БИДЕ ФЛЕКСИБИЛНА, НАЈМНОГУ МАНДАТИ НА ИЗБОРИТЕ ДОБИВМЕ НИЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ ПО ДОБИВАЊЕТО НА МАНДАТОТ ОД ПЕНДАРОВСКИ

    И ДУИ ТРЕБА ДА БИДЕ ФЛЕКСИБИЛНА, НАЈМНОГУ МАНДАТИ НА ИЗБОРИТЕ ДОБИВМЕ НИЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ ПО ДОБИВАЊЕТО НА МАНДАТОТ ОД ПЕНДАРОВСКИЗаев откако го доби мандатот од претседателот Пендаровски кажа дека во рок од 20 дена ќе формира нова, стабилна влада која ќе ја раководи државата наредните 4 години. (Фото К.Попов)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека во рок од 20 дена ќе направи влада, откако претседателот Стево Пендаровски денеска му го додели мандатот. Заев кажа дека преговорите со ДУИ продолжуваат и дека денеска ќе има нова средба со лидерот на партијата Али Ахмети.

    „Имаме сѐ уште прашања кои се отворени, а се сериозни прашања, но не би сакал сега да споделувам информации од преговорите или да коментирам барања на ДУИ бидејќи сакам да му дадам шанса на преговарaчкиот процес. Во преговорите разговараме за граѓаните, врз дијалог и разговорите ќе ги најдеме решенијата. Заедничкото решение кои ќе го најдеме ќе биде заради еднаквоста на државата. Верувам дека денес, утре, задутре ќе направиме исчекор ако се водиме од тоа што нас граѓаните ни кажале. И ДУИ треба да бидат флексибилна оти најмногу мандати на изборите освои коалицијата ‘Можеме‘. Јас верувам дека постојат опции, но црвените линии мораат да бидат интересите на граѓаните“, кажа Заев.

    Заев кажа дека новата, стабилна влада која ќе ја предложи ќе се грижи за сите граѓани, ослободена од секакви етнички предрасуди и национализам. Кажа дека ќе предложи квалитетни, одговорни и отчетни кадри кои силно ќе се борат со криманалот и корупција, а особено внимание ќе се посвети на прочистување на правосудството.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира