ИЗБОРИТЕ ВИСАТ ПОРАДИ НЕЗАВРШЕНАТА РАБОТА НА СОБРАНИЕТО И НА УСТАВНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБОРИТЕ ВИСАТ ПОРАДИ НЕЗАВРШЕНАТА РАБОТА НА СОБРАНИЕТО И НА УСТАВНИОТ СУД

    За 14 дена, до 12 октомври кога се распушта Собранието, пратениците треба да ги корегираат Изборните единици поради поголемиот број гласачи во 6-тата Изборна единица, да ги донесат новиот Буџет за 2017 година, измените на Законот за заштитени сведоци по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева, да ги изгласаат извештаите  за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), и за работата на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Ако пратениците не се усогласат за сите овие прашања до распуштањето на Парламентот, одржувањето на предвремените парламентарни избори е доведено во прашање.

    Како најголема пречка за одржување на изборите на 11 декември е евентуалната одлука на Уставниот суд да го прогласи СЈО за неуставно. Во договорот од 20 јули, лидерите на 4-те најголеми партии потписнички на Пржинскиот договор го повикаа Уставниот суд што поскоро да ја донесе одлуката за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Според договорот од 20 јули, „во случај Уставниот суд да одлучи дека Законот за Специјалното јавно обвинителство или делови од него се неуставни, четирите партии се обврзаа во рок од пет дена да го усогласат со одлуката на Судот и одново да го воспостават СЈО. Ефикасноста, опсегот и целите на СЈО треба да бидат задржани“. Но, иако уставните судии се вратени на работа скоро цел месец, иницијативата против СЈО не ставена на седница на Уставниот суд, а нема ни најава кога ќе биде. Ако Уставниот суд евентуално го укине СЈО откако ќе се распушти Собранието на 12 октомври, ќе нема начин партиите да го усогласат неговото постоење како што бара договорот од 20 јули.

    ДУИ бара корекција на Изборните единици бидејќи во 6-тата изборна единица, која ги опфаќа Гостивар, Тетово и Маврово-Ростуше има поголем број гласачи од предвиденото отстапување од 5 отсто. За ДУИ ова е едно од прашањата кое може да ја доведе во прашање  легитимноста на изборите. За корекција на изборните единици формирана е собраниска работна група, која треба да најде начин како да ги изедначи гласовите во сите шест изборни единици во Македонија.

    За понеделник на собраниска седница ставени се на дневен ред извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство и на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Но, расправата во собраниската Комисија за политички систем  за извештајот на СЈО и на јавниот обвинител Зврлевски не е завршена, таа  продолжува исто така в понеделник. Сѐ додека не заврши комисиската расправа, извештаите не може да бидат разгледани на собраниска седница и да бидат усвоени.

    За понеделник  е закажана и седница за буџетскиот совет на Собранието, каде треба во второ читање да се разгледа новиот Буџет за 2017.

    Од опозицијата велат дека иако овие прашања не се затворени, ако се има волја кај политичките партии, сите отворени прашања можат да се решат по скратена постапка и за неколку дена, со што би биле исполнети сите услови предвремените парламентарни избори да се одржат на 11 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира