ЈАНАКИЕСКИ МУ НАРЕДИЛ НА СЕГАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК ДЕРКОВСКИ ДА СЕ НАПРАВИ ИЗМАМАТА СО РАДА ШЕКЕРОВСКА НА ИЗБОРИТЕ ВО 2011, СЕ СЛУШНА ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“

    ЈАНАКИЕСКИ МУ НАРЕДИЛ НА СЕГАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК ДЕРКОВСКИ ДА СЕ НАПРАВИ ИЗМАМАТА СО РАДА ШЕКЕРОВСКА НА ИЗБОРИТЕ ВО 2011, СЕ СЛУШНА ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“Оливер Дерковски, како тогашен партиски војник и директор на Македонски железници, два дена пред изборите во 2011 година добива инструкции од обвинетиот Миле Јанакиески да се залепат плакати за сателитската партија СДПМ, за да се збунат гласачи на СДСМ, се слушна во бомбите за случајот „Титаник“ (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски, како тогашен партиски војник, два дена пред изборите во 2011 година добива инструкции од обвинетиот Миле Јанакиески да се залепат плакати за сателитската партија СДПМ, за да се збунат гласачи на СДСМ, се слушна во бомбите за случајот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности што беа пуштени денеска во Кривичниот суд. Станува збор за партијата која на секои избори излегува со листи за пратеници со имиња слични на оние од СДСМ, со цел да ги збуни гласачите. Така, носители на избори листи на минатите избори беа имиња како Рада Шекеровска, Зоран Зашев, Игор Ивановски и Јанис Макрис.

    „Планот е на гласањето до 9 часот да се извадат нашите, до 10 пријателите и роднините, до 12 часот сите вработени“, му вели Јанакиески на Дерковски, а тој му кажува „добро, во ред“.

    Дерковски, кој минатиот месец беше избран за претседател на ДИК како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, во 2011 беше директор на Македонски железници, а претходно беше пратеник на оваа партија.

    Претходно Миле Јанакиески и Горан Трајковски, тогашниот директор на УЈП, договараат да затворат 4 дуќани кај „Циганите“, како што ги нарекуваат, во Струмица.

    Машинеријата за притисоци врз луѓето за да гласаат во Струмица за кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја води Јанакиески.

    „Има сет дуќани, четири дуќани во ромско маало во Струмица се полни до врв со брашно. Со нив Заев ќе купува гласови. Затворете ги дуќаните, тамам пазарот заврши. Речете им канцерогено е“, му вели Јанакиески на соговорникот кој се претставува како Ѓоко и вели дека бил пратен од Горан Трајковски.

    Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности е обвинет Никола Груевски, половина од тогашниот Извршен комитет и други партиски финкционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 21 обвинет.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира