КИНЕСКАТА АМБАСАДА ПОБЕДИ НА ДИПЛОМАТСКИОТ ТУРНИР ВО ТЕНИС ВО СКОПЈЕ

    КИНЕСКАТА АМБАСАДА ПОБЕДИ НА ДИПЛОМАТСКИОТ ТУРНИР ВО ТЕНИС ВО СКОПЈЕПретставник од кинеската амбасада во Скопје е победник на традиционалниот 21. дипломатски турнир во тенис (Фото: Г. Трпеноски)

    Претставник од кинеската амбасада во Скопје е победник на дипломатски турнир во тенис, што по повод 11 Октомври го организираа Министерството за надворешни работи и Дипломатскиот клуб – Скопје.

    Традиционалниот дипломатски турнир во тенис во двојки, во машка и женска конкуренција се оддржа по 21. пат, а учествуваа претставници на дипломатско-конзуларниот мисии акредитирани во Република Македонија како и вработени од македонското Министерството за надворешни работи и Дипломатскиот клуб – Скопје.

    Амбасадорот на Холандија во Македонија Ваутер Пломп беше еден од учесниците на дипломатскиот турнир во тенис (Фото: Г. Трпеноски)

    Вчера, во заедничката изјава на делегацијата на Европската Унија и на амбасадите на земјите членки на ЕУ во пресрет на локалните избори, амбасадорите ги повикува политичките лидери и партиските членови да овозможат одржување избори, без заплашување и насилство.

    „Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности и ресурси пред, за време и по изборите. Ги повикуваме медиумите да им обезбедат на граѓаните разновидно и објективно информирање, кое им е потребно за да донесат информирана одлука на денот на изборите. Ја подвлекуваме важноста од меѓународни набљудувачи на изборите, особено на ОБСЕ/ОДИХР. Секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини“, изјавија ЕУ амбасадорите.

    Ден претходно, САД ги повикаа граѓаните на Македонија на локалните избори на 15 октомври да го искористат своето право на глас и да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на надлежните институции.

    „Ги охрабруваме граѓаните, цивилното општество и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на соодветните органи. Надлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки. На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните, преку своите акции, ќе одредат дали процесот бил кредибилен“, соопшти Американската амбасада во Македонија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира