КРИВИЧНО ЌЕ СЕ ОДГОВАРА ЗА ГРУПИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ОД ПЕТ ЛИЦА, А ЌЕ ИМА КАЗНИ И АКО НЕ СЕ ОДРЖУВА РАСТОЈАНИЕ ОД ДВА МЕТРА, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    КРИВИЧНО ЌЕ СЕ ОДГОВАРА ЗА ГРУПИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ОД ПЕТ ЛИЦА, А ЌЕ ИМА КАЗНИ И АКО НЕ СЕ ОДРЖУВА РАСТОЈАНИЕ ОД ДВА МЕТРА, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАВладата на вечерашната седница го задолжи Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која ќе се овозможи санкционирање на граѓаните кои не ги почитуваат овие мерки.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Кривично ќе одговараат граѓани кои на јавна површина ќе бидат во група над 5 лица. Мандатни казни ќе се изрекуваат за групирање на јавна површина на повеќе од две лица, за непочитување на минимум потребното растојание од два метра и за неносење заштитна маска. Овие нови мерки беа најавени по денешната седница на Владата.

    Владата на вечерашната седница го задолжи Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која ќе се овозможи санкционирање на граѓаните кои не ги почитуваат овие мерки. Казните се воведуваат со цел поголемо почитување на мерките и намалување на потребата од воведување нови рестрикции.

    „Владата го задолжи Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на мандатни казни, со фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат, како и висината на истите, кон сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, мерките и препораки кои се однесуваат на групирање на јавни места и површини на повеќе од две лица, за непочитување на минимум потребното растојание од два метри и неносење на заштитна опрема. За групирање над 5 лица да се смета за кривично дело и да има кривична одговорност“, се вели во соопштението од Владата.

    Владата денеска донесе одлука од среда во Куманово, Прилеп и Тетово граѓаните задолжително да носат заштитни маски или марами кога излегуваат од дома. Од Владата препорачаа граѓаните да го сведат на минимум движењето, од дома да се излегува само кога се оди на работа, а во маркет и аптека да пазари само еден член на семејството.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира