„КУРШУМИТЕ ЖИВОТ ЗНАЧАТ, ДАСКО ЕДНА“, ШАРЕНИТЕ ПРЕД ТЕАТАР „КОМЕДИЈА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „КУРШУМИТЕ ЖИВОТ ЗНАЧАТ, ДАСКО ЕДНА“, ШАРЕНИТЕ ПРЕД ТЕАТАР „КОМЕДИЈА“

    Шарените револуционери го почнаа протестотот со порака за директорката на театарот „Комедија“ Јелена Жугиќ. Тие на асфалтот опред театарот испишаа „Куршумите живот значат, даско една“ како одговор на нејзиниот пост на Фејсбук „Доста е! Зошто држаните институции не ги бранат општествените добра! Каде се гумените куршуми!“ од понеделникот кој предизвика лавина реакции, главно во одбрана на Шарената револуција. Демонстрантите го извикуваа нејзиното има, ја оставија пораката на асфалтот и продолжија по улицата покрај ТЦ „Рамстор“.

    „Мафија на робија“ е вечерашната порака на најголемиот транспарент.  Во вообичаеното време, 18 часот, се собраа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) но не тргнаа кон Собранието туку кон тетатрот „Комедија“. Специјалната единица за боење и вечерва дојде подготвена, бојаџиите се вооручени со пушки на вода полни боја, балони со боја и млерски ваљаци.

    „Едно барање е исполнето, остануваат уште седум! Протестите продолжуваат и денес во 13 градови низ Македонија!“, најавија од протестирам на Фејсбук и објаснија „После повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, стигнавме до работ. Оваа криза со преговори не се решава, затоа што со криминалци не се преговара. Оваа криза се решава само и исклучиво на улица!

    Барањето за итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни е веќе исполнето, но останаа барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари