МОЖНО Е ВОВЕДУВАЊЕ КАРАНТИН ВО ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА, ВЕЛИ ВЛАДАТА

    МОЖНО Е ВОВЕДУВАЊЕ КАРАНТИН ВО ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА, ВЕЛИ ВЛАДАТАВо Дебар се вршат дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирус. (Фото: СДК.МК)

    Можно е да се воведе карантин во општините Дебар и Центар Жупа, објави Владата, по локалната трансмисија со ширењето на коронавирусот на територијата на овие две општини.

    На 7 март на Инфективната клиника во Скопје беа хоспитализирани сопружници од Дебар, позитивни на коронавирус на возраст од 62 и 68 години, кои во земјава дошле од Бреша, Италија на 27 февруари. На 9 март беше објавено дека уште тројца членови на нивното семејство се позитивни на коронавирус, а на 11 март позитивни беа тестовите на нивните соседи кои живееле во куќи лепенки. Во домашна изолација се сите сопатници на сопружниците од автобусот, кој оставил патници и во Куманово и во Скопје.

    „Се задолжува Министерството за здравство, во соработка со центрите за јавно здравје, да преземе дополнителни мерки за заштита од ширење на овој вирус, односно да се мобилизираат медицинските екипи со епидемиолог од Охрид и еден инфектолог или доктор (или инфектологот кој е во работен однос во бањите Цапа да се стави во служба и за потребите на центрите за јавно здравје).
    За овие мерки да се достави извештај до крајот на денешниот ден, со цел Министерството за здравство да објави превентивно соопштение на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, за можноста од воведување на карантин“, стои во одлуката по вчерашната владина седница.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира