МВР ТРАГА ПО ИГОР СПАСОВ, ОСУДЕНИКОТ ЗА УБИСТВО НА МАРТИН НЕШКОСКИ, ОТИ ПО ДВЕ ОПЕРАЦИИ НЕ СЕ ВРАТИЛ ВО ИДРИЗОВО

    МВР ТРАГА ПО ИГОР СПАСОВ, ОСУДЕНИКОТ ЗА УБИСТВО НА МАРТИН НЕШКОСКИ, ОТИ ПО ДВЕ ОПЕРАЦИИ НЕ СЕ ВРАТИЛ ВО ИДРИЗОВОЛани, пред да го добие условниот отпуст за операциите, Спасов пијан се оддалечи од затворот, но набргу се врати; - Премиерот Зоран Заев се поздравува со Игор Спасов за време на посетата на Идризово на 11 септември 2017. (Фото: Влада на РСМ)

    Основниот суд Штип ја известил тамошната полиција дека Игор Спасов, специјалец во МВР осуден за убиството на Мартин Нешкоски, е во бегство. МВР веќе го бара Спасов.

    Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ пред една година, поради лекарски и вешти наоди дека морало врз него да се извршат најмалку две хируршки интервенции. Тој се оперирал од дискус хернија и од кила. Требало да се врати во затворот „Идризово“ на 18 октомври, но не го сторил тоа.

    Спасов го претепа младиот Нешкоски до смрт на победничката прослава на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 на плоштад Македонија, во центарот на Скопје, а владата на Никола Груевски се обиде да го скрие убиството. Осуден е на 14 години затвор. Спасов е штипјанец, тој има сопруга и две деца. Тој нема патна исправа, бидејќи издржува затворска казна. Половина од казната му е издржана.

    Во Судот во Штип велат дека тој и семејството во моментов немаат материјални средства кои би му овозможиле живот во бегство, но оставаат на полицијата да го истражи неговото нејавување во затворот „Идризово“ и дали сепак се работи за бегство.

    Лани, пред да го добие условниот отпуст за операциите, Спасов пијан се оддалечи од затворот, но набргу се врати.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари