НА ДЕТСКА КЛИНИКА ОД МАЛИ СИПАНИЦИ СЕ РАЗБОЛЕЛЕ 8 ВРАБОТЕНИ И 4 ДЕЦА ПАЦИЕНТИ

    НА ДЕТСКА КЛИНИКА ОД МАЛИ СИПАНИЦИ СЕ РАЗБОЛЕЛЕ 8 ВРАБОТЕНИ И 4 ДЕЦА ПАЦИЕНТИ„Напоменуваме сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки. Станува збор за многу сериозно заболување кое предизвикува сериозни здравствени компликаци“, велат од Министерството за здравство (Фото: СДК.МК)

    На Клиниката за детски болести досега се регистрирани 8 вработени заболени од мали сипаници, кои претходно биле вакцинирани и 4 деца пациенти, соопшти Министерството за здравство.

    „Поради зголемениот број на пациенти со мали сипаници морбили преземаме дополнителни мерки да се спречи ширењето на болеста“, велат од Министерството за здравство.

    Дежурните педијатриски пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Ѓорче Петров“ во работен ден ќе работат од 19.30 до 7.30 часот наутро, а за време на викенд 24 часа. Во работните денови родителите ако се посомневаат дека нивните деца имаат мали сипаници (морбили) децата треба прво да ги однесат на матичен лекар, а потоа ако лекарот утврди дека е потребно да ги упати на Клиниката за инфективни болести.

    „Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови. Ја потсетуваме јавноста дека останува на сила забраната за посета на градинките од деца кои не се вакцинирани со МРП вакцината. Децата од училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП. Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален стаус, да го направат тоа во најбрз рок“, велат од Министерството за здравство.

    Од Министерството велат дека ги преземаат сите законски мерки со кои се делува во време на епидемија.

    „Напоменуваме дека сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста треба да се сфатат сериозно и без отстапки. Станува збор за многу сериозно заболување кое предизвикува сериозни здравствени компликации. Болеста се пренесува од заразено лице на друго лице со кашлање, кивање и по капков пат“, велат од Министерство за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира