НА НАСТАНИ НА ЗАТВОРЕНО САМО СО ДВЕ ПРИМЕНИ КОВИД ВАКЦИНИ, СЕ ДОЗВОЛУВА ПУБЛИКА ДО 50 ОТСТО ОД КАПАЦИТЕТОТ НА ОБЈЕКТОТ

    НА НАСТАНИ НА ЗАТВОРЕНО САМО СО ДВЕ ПРИМЕНИ КОВИД ВАКЦИНИ, СЕ ДОЗВОЛУВА ПУБЛИКА ДО 50 ОТСТО ОД КАПАЦИТЕТОТ НА ОБЈЕКТОТДосега се дозволуваа настани на затворено со публика до 30 отсто од капацитетот на објектот. (Фото: СДК.МК)

    Само вакцинирани протв ковид-19 со две дози ќе може да влезат на концери на затворено, в театар или кино, одлучи Владата на денешната седница. По препорака на Комисијата за заразни болести, се дозволува наместо до 30 отсто, настани на затворено да се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот на објектот.

    „Во врска со овој протокол, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози вакцина против ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките“,  соопшти Владата.

    Владата денеска донесе измени и дополнувања на Протоколот за реализација на воспитно-образовниот процес и донесе заклучок дека децата со посебни потреби или со пречки во развојот, можат да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата ако приложат лекарска потврда за нивната состојба.

    На оваа седница, како што соопшти Владата, е прифатена и препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортови во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12-годишна возраст натаму.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира