НЕ Е НОРМАЛНО ТОЛКУ МНОГУ ЛУЃЕ ДА ЖИВЕАТ ВО ЕДЕН СТАН, СЕ НЕРВИРАМ, МУ ВЕЛИ ЈАНАКИЕСКИ НА ТОДОРОВ ЗА ГЛАСАЧИТЕ ОД ПУСТЕЦ ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“

    НЕ Е НОРМАЛНО ТОЛКУ МНОГУ ЛУЃЕ ДА ЖИВЕАТ ВО ЕДЕН СТАН, СЕ НЕРВИРАМ, МУ ВЕЛИ ЈАНАКИЕСКИ НА ТОДОРОВ ЗА ГЛАСАЧИТЕ ОД ПУСТЕЦ ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“Обвинетите во „Титаник“ на СЈО за злосторничко здружување и кршење на Изборниот законик Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески доаѓаат на денешното рочиште во судот (Фото: К. Попов)

    Во продолжение на бомбите за случајот на СЈО „Титаник“, за злосторничко здружување и кршење на Изборниот законик, во делот за локалните избори во 2013 обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески собира списоци од гласачи за ВМРО-ДПМНЕ и од редот на професионалните војници. Во Центар, каде што се плашат дека Андреј Жерновски ќе ги победи, наоѓаат 46 професионални војници.

    Миле бара список на улици во Центар со информации за гласачи за ВМРО-ДПМНЕ, бара список од затворениците, организира автобуси да донесат гласачи од Италија, Словенија, Србија и Австрија. Вртат списоци во партијата со име и презиме на сите патници што треба да гласаат и со организиран превоз да се вратат веднаш назад.

    “Дајте ми ги списоците на сите вработени во Центар”, наредува Миле на непознати соговорници.

    Јанакиески се грижи и за гласачите од Пустец, како појачување на ВМРО-ДПМНЕ, кои добиваат живеалишта во Центар.

    На ексминистерот за здравство Никола Тодоров му вели:

    „Не е нормално на едно место да живеат толку многу луѓе. Ги гледав на телевизија, се нервирам. Многу лошо изгледаше. Катастрофа“.

    Со генералниот секретар на Владата, обвинетиот Кирил Божиновски, разговараат по телефон и Јанакиески му вели: Три илјади вработени во просек по 3 гласа се стартни 9.000 за Центар. Тоа е, што да правам. 66 кол-центри, места за барање по телефон направив”. Разговорот се води  два дена пред првиот круг од локалните избори што се одржа на 24 март 2013.

    На 2 дена пред изборите на 24 март 2013 ситуацијата зоврива, зашто нема гласови за победа во Центар. По имиња и презимиња ги проверуваат луѓето од Центар, кои заради заштита на личните податоци нема да ги сооменуваме.
    Лут Миле му кажува на соговорник и го занемува:

    „Еден да најдеме што не дал список со гласачи, ќе лета од работа! Јавувај се и така кажувај им. Јас ќе се заложам лично да летаат од работа!“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира