НЕ МОЖЕМЕ ДА ОЦЕНУВАМЕ НЕШТО ШТО ВЕЌЕ НЕ Е ВО СИЛА, РЕКОА УСТАВНИТЕ СУДИИ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПРВАТА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ПЕНДАРОВСКИ

    НЕ МОЖЕМЕ ДА ОЦЕНУВАМЕ НЕШТО ШТО ВЕЌЕ НЕ Е ВО СИЛА, РЕКОА УСТАВНИТЕ СУДИИ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПРВАТА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ПЕНДАРОВСКИПретседателот Стево Пендаровски на 18 март поради пандемијата на коронавирусот прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена, на територијата на целата држава.(Фото: К.Попов)

    Нема основа да се поведе постапка за оценување на уставноста за прогласување на вонредната состојба од претседателот Стево Пендаровски од 18 март, оценија уставните судии. Тие беа едногласни во ставот дека не може да се оценува нешто што не е во правна сила.

    „Зошто да зборуваме за нешто што не е во правна сила. Вонредната состојба прогласена на 18 март веќе е помината, а иницијативата се однесува токму за таа одлука на претседателот Пендаровски“, рече судијата Владимир Стојановски.

    Судијата Осман Кадриу кажа дека одлуката на претседателот Пендаровски е строго уставна и строга државничка и нема основа да се поведе постапка за оценување на уставноста на оваа одлука.

    Претседателот Стево Пендаровски на 18 март поради пандемијата на коронавирусот прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена, на територијата на целата држава. Пендаровски донесе ваква одлука откако собранискиот спикер Талат Џафери му испрати известување дека Собрание нема, тоа е распуштено и не може да се собере и прогласи вонредна состојба за поригорозен степен на борба на државата против пандемијата со корона вирусот. На 16 април Пендаровски донесе нова одлука со која се продолжи вонредната состојба за уште 30 дена.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира