НЕДЕЛАВА СЕ ОТВОРААТ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ И ОБЛОЖУВАЛНИЦИ, ОД ДРУГАТА НЕДЕЛА КАФУЛИЊА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    НЕДЕЛАВА СЕ ОТВОРААТ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ И ОБЛОЖУВАЛНИЦИ, ОД ДРУГАТА НЕДЕЛА КАФУЛИЊА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИСпоред предлогот на Комисијата наредната недела ќе се отворат кафулињата и рестораните, а ќе бидат дозволени и тренинзи на отворено на тимски спортови. Од 25 мај пак ќе почнат со работа казината, автомат клубови, теретаните и хотелите.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Од оваа недела ќе се отворат затворените трговски центри, а наредната кафулињата и рестораните, се предвидува со препораките на Комисијата за заразни болести, кои денеска ќе се најдат на усвојување на владина седница. Како што кажа министерот Венко Филипче по направените анализи за состојбата со коронавирусот во државата согласно препораките на Светската здравствена организација, е констатирано дека се исполнети услови за олабавување на рестриктивните мерки.

    Оваа недела покрај трговски центри ќе почнат со работа и автошколите, обложувалниците, центрите за едукација, обука и одржување на семинари. Исто така ќе бидат дозволени и тренизни на отворено за индивидуални спортови.

    Според предлогот на Комисијата наредната недела ќе се отворат кафулињата и рестораните, а ќе бидат дозволени и тренинзи на отворено на тимски спортови. Од 25 мај пак ќе почнат со работа казината, автомат клубови, теретаните и хотелите.

    „Секако при олабавување на мерките секоја недела ќе се следи епидемиолошката слика. Овие мерки значат дека постепено го враќаме животот во нормала. Но, секако ќе мора да се почитуваат одредени протоколи за работа и задолжително ќе биде носење маска и држење на растојание од 2 метри“, кажа Филипче.

    Тој рече дека засега не се размислува за укинување на полицискиот час.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари