НЕДЕЛКОВА: ВЛАДАТА ГО ПОНИЖИ ВРХОВНИОТ СУД

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:438:"ПретседателкатанаВрховниотсуднаРепубликаМакедонијаЛидијаНеделковавелидекаВладатагопонижуванајвисокиотсудкакоинституцијасовладинатаодлукадасеузурпиранеговатасалазасудењенаслучајотзатероризам„ДивоНасеље“";s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕДЕЛКОВА: ВЛАДАТА ГО ПОНИЖИ ВРХОВНИОТ СУД

    Газда на свечената сала на Врховниот суд, која министерот за финансии Зоран Ставрески ја узурпира со одлука на Владата и му ја даде во владение на Основниот суд Скопје 1, следните шест месеци ќе биде претседателот на скопска единица Владимир Панчевски. Во неа нема да смее веќе да влегува претседателката на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова. А ако ѝ затреба за свеченост или промоција, за која и е наменета салата во највисокиот суд, ќе треба да го замоли Панчевски да ѝ ја отклучи вратата.

    Неделкова во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК не сака да го коментира ова понижување, за кое вели дека не го доживува лично, туку како понижување на Врховниот суд на РМ како институција.

    На 17 мај, откако Врховниот суд  претходно ги образложи причините и одби да ја отстапи несоодветната сала за големиот судски процес “Диво Насеље“, што се одвива под полициски хеликоптери, најсилно полициско вооружување и со блокада на пола од скопските улици, Ставрески потпиша одлука со која присилно е одземена салата на Врховниот суд.

    Судењето за „Диво Насеље“, кумановскиот судир што се случи пред една година, треба да почне од почеток  бидејќи судот ја спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. Бројот на обвинети се искачи на 37 обвинети, а бројот на бранители е 15 лица. Во судирот во Куманово загинаа осум македонски полицајци и десет припадници на вооружената група, а обвинети се 29 лица кои одговараат за тероризам.

    “Судиите и вработените се вознемирени сериозно од одржувањето на судскиот процес за Диво Насеље. Не е можно да се донесе ваква одлука без согласност на Врховниот суд. Јас сум ги образложила причините зошто не може да се одржи судење во таа сала. Јас со функцијата по закон сум задолжена да се грижам за безбедноста на вработените, на судиите, за економското работење на Судот, одговорна сум за материјалната штета, за инвентарот. Ова не е сала за судење и јас и да сакам не смеам да ја дадам на користење, а не смеам неа ни за рочишта на Врховниот суд да ја користам. Ова е сала на судиите. Како инвеститор на зградата се наведува Министерството за правда. Јас долго време водам битка да се впише во Катастар сопственикот на зградата, Врховниот суд на РМ, и одговорот секогаш е: Работата е при крај!“, вели претседателката Неделкова.

    На наше прашање таа вели дека оваа владина одлука нејзе не ѝ е доставена. Требало да ја прочита во Службен весник на РМ. Како претседател на Судот, таа не знае ни дали в петок, за кога беше презакажано судското рочиште за “Диво Насеље“, тоа ќе се одржи во Врховниот суд. Судиите и вработените не знаат дали тој ден да дојдат со коли, бидејќи обвинетите терористи треба да се спроведат преку гаражите на Врховниот суд. За таа цел, велат, ќе се прави веројатно чистка во гаражата, но никој не е известен што ќе се случува.

    “Тие простории се неприкосновени на судството. Не смее министер таму да припари. Утре Владата може да го исели Судот. Може судиите да ги исфрлат од работните простории. Ова се веќе ирационални постапки“, вели академик Владо Камбовски за окупацијата на Врховниот суд од страна на Владата

    “Тие простории се неприкосновени на судството. Не смее министер таму да припари. Утре Владата може да го исели Судот. Може судиите да ги исфрлат од работните простории. Ова се веќе ирационални постапки“, вели академик Владо Камбовски за окупацијата на Врховниот суд од страна на Владата

    Академик Владо Камбовски за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека министерот за финансии Зоран Ставрески потпишувајќи ја таа владина одлука извршил досега невиден упад во неприкосновените простории на судството, заканувајќи им се на врховните судии и на судиите воопшто дека може лесно сите да бидат исфрлени како партали надвор од своите кабинети.

    “Тие простории се неприкосновени на судството. Не смее министер таму да припари. Утре Владата може да го исели Судот. Може судиите да ги исфрлат од работните простории. Ова се веќе ирационални постапки“, изразува загриженост академик Камбовски за окупацијата на Врховниот суд од страна на Владата.

    Неделкова двапати претходно ја отстапила свечената сала за “Диво Насеље“, иако нема “клупи“ за да ги стават бранителите пред себе предметите и актовките. После тоа, тврдат вработените, останале расклатени и расштрафени столчиња, гуми за џвакање под столчињата и на теписонот, ѓубре во целата сала. Но, најстрашна била, велат окупацијата од полицијата. Никој не смеел ни да влезе, ни да излезе од Врховниот суд додека траело рочиштето, странките биле враќани во радиус од 50 метри од Врховниот суд, а специјалци ги треселе вработените во зградата.

    “Знаете ли, ако се случи нешто, не дај Боже биде поставена бомба или настане друга катастрофа, кој ќе биде виновен? Претседателот на Врховниот суд, кој е одговорен за зградата ќе ја сноси вината“, објаснуваат долгогодишни вработени во Врховниот суд.

    Американската амбасада во Скопје пред неколку години помагаше во опремувањето на специјализирана судница во една скопска касарна, токму за вакви големи судски процеси со бројни обвинети и адвокати, за вакви тешки кривични дела и тероризам, но таа не профункционира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари