НЕМА ДА СЕ ИСПРАЌААТ МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА, ОДОБРЕНА Е ПОМОШ ВО ВОЕНА ОПРЕМА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА

    НЕМА ДА СЕ ИСПРАЌААТ МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА, ОДОБРЕНА Е ПОМОШ ВО ВОЕНА ОПРЕМА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКАПетровска кажа дека со донацијата на воената опрема и вооружување не се намалува капацитетот на нашата Армија. (Фото: Министерство за одбрана)

    Одлука за испраќање на наши војници во Украина нема и нема да има, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска. Како што кажа министерката, земјава како членка на НАТО ќе испрати помош во воена опрема.

    „Северна Македонија е членка на НАТО и сите одлуки кои се носат во Алијансата како членка ќе ги почитуваме и спроведуваме, бидејќи и ние учествуваме во нивното носење. Досега, земјава се приклучи кон санкциите кои беа изречени од страна на ЕУ. Одобрена е помош во воена опрема и вооружување согласно побарување од украинските власти. Нивното барање беше класифицирано кон нас и од таа причина и нашата одлука е класифицирана, но во знак на транспарентност дадовме куса инфорамција дека донесовме одлука за воена помош на Украина согласно капацитетите со кои располагаме“, рече министерката Петровска, одговарајќи на новинарско прашање на одбележување на Денот на баталјонот на специјалните сили на Армијата.

    Петровска кажа дека со донацијата на воената опрема и вооружување не се намалува капацитетот на нашата Армија.

    Во моментов, во нашата земја нема најава за пристигнување бегалци кои ја напуштаат Украина, но како што кажа министерката, заедно со Владата се разгледуваат капациетети кои би можеле да се стават во функција.

    „Рутата не се движи кон нас, но како членка на НАТО ќе понудиме капацитети согласно нашите можности“, рече Петровска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира