НЕМА ПОМРДНУВАЊЕ ВО ПОЗИЦИИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО, КАЖА ЗАЕВ

    НЕМА ПОМРДНУВАЊЕ ВО ПОЗИЦИИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО, КАЖА ЗАЕВПремиерот Зоран Заев кажа дека во преговорите со Грција сѐ уште не е разговарано за конкретно име, и дека сега работат на техничките детали на договорот

    Нема ништо ново од последната средба во Виена, односно нема помрднување во позициите меѓу Македонија и Грција околу спорт за името, кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција. Тој рече дека спогодбата што Атина ја пратила во Скопје и одговорот од Македонија кон Грција третира технички аспекти од меѓународниот договор, но дека очекуваат помош од Обединетите нации околу тоа како треба да изгледа овој договор.

    Заев рече дека конкретни предлози со географска одредница за името воопшто не биле разгледувани во досегашниот процес на преговори и затоа не може ништо да каже околу тоа. Заев рече дека спогодбите што меѓусебе си ги размениле Македонија и Грција се алатки кои може да бидат од помош во процесот на преговарање, но може и воопшто да не бидат дел од меѓународниот договор и дека овие документи ќе се разгледаат на средбата во Скопје меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас.

    „Во нашата нацрт-спогодба има повеќе меѓународни формулации на вакви меѓународни договори, бидејќи формулациите во делот на името, употребата, широчината, идентитетските прашања, кодовите или слично сè уште се на маса за преговори. Тие се оставени празни полиња, како што се оставени и од грчка страна. Се работи повеќе за технички аспекти на формулација на договорот, но Обединетите нации се тие што имаат искуство со вакви договори и конечното го очекуваме од таму. Нема ништо ново од последната средба во Виена, односно нема помрднување во позициите меѓу Македонија и Грција и за тоа не може ни да има нешто такво во овие документи“, кажа Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира