НЕМА ПРАВНА ПРЕЧКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗИБЕРИ, ЈА ЗЛОУПОТРЕБИ ФУНКЦИЈАТА ЗА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА, ВЕЛИ АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА

    НЕМА ПРАВНА ПРЕЧКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗИБЕРИ, ЈА ЗЛОУПОТРЕБИ ФУНКЦИЈАТА ЗА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА, ВЕЛИ АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА„Забрането е какво било злоупотребување на службена функција во предизборна кампања. Ние разговаравме со комисијата и апсолутно сме согласни дека нема правна пречка за министерот да го разреши Зибери. Тој ќе ја изгуби функцијата, но не и работното место, бидејќи е забрането отпуштање на работа во овој период“, рече престедателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска; - Директорот на Центар за јавно здравје Скопје Арбен Зибери на средба со граѓани во предизборната кампања на ДУИ. (Фото: Фејсбук)

    Нема правна пречка за министерот за здравство Венко Филипче да го разреши директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, откако тој се пофали дека како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите без протоколите препорачани од Светската здравствена организација, за да дојдат иселениците да гласаат за премиер Албанец, вели Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

    Филипче на попладневната прес-конференција кажа дека се консултира со правници и доколку може, уште денес ќе биде разрешен Зибери.

    „Прво тоа не вистина, Зибери не е член на Комисијата за заразни болести. Сметам дека тоа е евтина и лоша реторика во предизборна кампања. Ваква одлука не доликува на доктор, а посебно не на директор на таква институција“, рече Филипче.

    Претедателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека и таа лично, и комисијата се согласуваат со изјавата на министерот дека таква изјава не доликува на доктор и директор.

    „Забрането е какво било злоупотребување на службена функција во предизборна кампања. Ние разговаравме со комисијата и апсолутно сме согласни дека нема правна пречка за министерот да го разреши Зибери. Тој ќе ја изгуби функцијата, но не и работното место, бидејќи е забрането отпуштање на работа во овој период“, ни изјави Ивановска.

    Директорот на Центарот за јавно здравје Зибери е втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица и роднина на Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер. Тој по професија е лекар по општа пракса.

    Како директор на Центарот за јавно здравје, кој е меѓу најоптеретените здравствени институции во коронакризата, тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на задолжителноти тестирање при влез во земјата и 14-дневната изолација е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

    „Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, напиша Зибери на својот фејсбук профил.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира